12.8 C
Скопје
23:16 - 28 април, 2024

И во овој пратенички состав доминираат мажите, дури и повеќе од претходниот (ИНФОГРАФИК)

Државната изборна комисија вчера ги објави официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија. Според нив, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Според освоените пратенички мандати, собранискиот состав би изгледал вака:

Она што може да се види од поднесените пратенички листи е дека и на овие избори доминираат кандидатите за пратеници мажи во однос на кандидатите за пратеници жени. Така на пратеничките листи на коалицијата Можеме предводена од СДСМ има 64 кандидати мажи и 59 кандидати жени. Оваа коалиција е единствена која на овие избори имаше по двајца носители на листите, еден маж и една жена, поради правичната застапеност на мажите и жените.

На пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ 72 се мажи 51 жени. На пратеничките листи на ДУИ, соодносот е речиси 50-50, односно има 63 кандидати за пратеници мажи и 60 кандидати за пратеници жени. На листите на Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така доминираат мажите – 70, додека пак жени кандидати има 50. Политичката партија Левица на своите листи има 71 кандидат мажи и 49 жени. Кај ДПА има 60 мажи, 40 жени.

Вкупен број кандидати за пратеници според пол од партиите што освоија пратенички мандати

Од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се пратеници мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите. Од коалицијата Можеме предводена од СДСМ во новиот собраниски состав влегуваат 28 мажи и 18 жени, од ВМРО-ДПМНЕ 27 мажи, 17 жени, од ДУИ 11 мажи и 4 жени, од АА и А 10 мажи и 2 жени, од Левица 2 мажи и ДПА е маж.

 

Вкупен број на пратеници според пол

The post И во овој пратенички состав доминираат мажите, дури и повеќе од претходниот (ИНФОГРАФИК) appeared first on Слободен печат.


И во овој пратенички состав доминираат мажите, дури и повеќе од претходниот (ИНФОГРАФИК) was first posted on јули 17, 2020 at 12:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....