6.8 C
Скопје
03:56 - 20 октомври, 2026

Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс порасна: Сури Круз наполни 14 години

Ќерката на поранешните сопружници Кејти Холмс и Том Круз, Сури Круз наполни 14 години и се чини дека прерасна во вистинска убавица.

Американските граѓани се воодушевени од тоа колку е изменета кога ја сретнуваат на улиците во градот каде што е родена, Њујорк.

Кејти Холмс и нејзината ќерка Сури Круз се блиски и поврзани, додека наводно Круз ја намалил комуникацијата со неа, бидејќи таа не избрала да го следи неговиот пат.

Холмс ја доби Сури на 27-годишна возраст, една година откако таа и Том Круз се запознале.

Instagram

Актерката која ретко зборува за својот приватен живот, минатата година даде интервју за британското издание на магазинот „Еlle“ во кое откри дека никогаш не зажалила што станала мајка.

„Бев среќна што станав мајка во дваесеттите години“, изјави 41-годишната Кејти Холмс.

Сури на 3 годишна возраст: Instagram

Љубовта со Круз не траеше долго, по 6 години заеднички живот, актерката побара развод во 2012 година.

Том Круз, Кејти Холмс и малечката Сури: Instagram

„Секоја година кога ќерка ми полни една година повеќе, тоа се совпаѓа со мојата возраст. На некој начин, ние пораснавме заедно“, вели таа.

Сури и нејзината мајка Кејти Холмс: Instagram

Сури сега прерасна во вистинска девојка. Таа го прослави својот 14-ти роденден и беше фотографирана од папараците во градот Њујорк на прошетка.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....