6.8 C
Скопје
06:14 - 29 април, 2024

Градежниците имаат 1 милијарда евра, бараат да ги инвестираат

Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Ивица Јакимовски, кој вчера се сретна со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, вели дека градежниците имаат капитал од 1 милијарда евра и бараат од државата да им овозможи тие пари да ги инвестираат.

– Градежни компании кои се членки на Градежната комора, изразуваат подготвеност да инвестираат 1 милијарда евра во наредните три години. Тоа е потребно во време на криза. Ние како компании преземаме обврска да инвестираме во проекти што веќе постојат и бараме од централната и од локалната власт да преземат конкретни мерки и чекори за да се создадат услови за почнување на реализацијата на проектите – изјави Јакимовски.

Според Јакимовски, итно и без одложување треба да се преземат две важни активности. Прво, да прекине мораториумот за градба во општините, бидејќи ја оневозможува работата на градежните компании и тие трпат големи штети и да се забрза со донесувањето на деталните урбанистички планови во општините каде што оваа постапка веќе е почната. Второ е да се надмине проблемот на кој се укажува подолго време, а тоа е незапазување на законските рокови за издавање соодветна документација и дозволи од општините, со што се кочат градежните проекти.

Министерот Бочварски вели дека ќе ги преземат сите мерки што се неопходни за да се вбризгаат пари во економијата и да се зачуваат работните места.

– Влегуваме во акција со Градежната комора, со стопанските комори и со сите стопански субјекти кои се подготвени да инвестираат, а ние од наша страна влегуваме со олеснувања на сите постапки, законски и подзаконски акти, за да може што поскоро да се стартува со инвестициите. Заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи имаме разработено концепт за стратешки инвестиции, што е многу значаен за оние компании што ќе се нафатат да влезат во тие инвестиции, било да се во Скопје или во внатрешноста. За сите закони или акти што се сметаат за спорни, подготвени сме да разговараме со коморите и тоа е многу важно затоа што законите ги создаваме за да ги користат инвеститорите и граѓаните – рече Бочварски.

Градежниот сектор вработува 7 проценти од вкупниот број вработени во македонската економија и во изминатите години беше една од главните движечки сили за нејзин раст. Но, и овој сектор е погоден од корона-кризата. Намалени се и приватните инвестиции, а и јавните што се гледа во реализацијата на капиталните проекти каде што реализација за 8 месеци е помала од 40 проценти во однос на планот.

Во однос на приватните инвестиции, кочница се и мораториумите во општините и бавното донесување на деталните урбанистички планови. Но, токму тие мораториуми се решението што се пронајде како спас од неконтролираното градење, особено во Скопје и во Охрид. Бизнис-заедницата често го изразуваше својот негативен став во однос на мораториумите, но од друга страна и граѓаните многу често се жалеа на она што се случи со урбанизацијата, која донесе многу проблеми – една зграда да гледа во друга без да се запазува растојание, да нема доволно паркинг-места, да нема доволна инфраструктура за возилата на новите станари…

Автопатот Кичево-Охрид реализиран 55 отсто

Автопатот Кичево-Охрид по ревидираниот проект е изграден 55 отсто, информираше министерот Бочварски. Тој рече дека по целата траса сѐ уште не е решена експропријацијата и дека затоа не може да прецизира кога автопатот би бил готов.

– Се работи со забрзана динамика. Вчера на терен имаше 230 градежни машини и 820 работници и инженери – рече Бочварски.

 

 

The post Градежниците имаат 1 милијарда евра, бараат да ги инвестираат appeared first on Слободен печат.


Градежниците имаат 1 милијарда евра, бараат да ги инвестираат was first posted on октомври 9, 2020 at 6:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....