7.8 C
Скопје
08:40 - 19 април, 2024

Ги двоиме најбизарните прекршоци на самоизолација: Струмичанец едно шишање ќе го чини 3.000 евра

Чудни работи се случувале од почетокот на пандемијата со коронавирусот во поглед на прекршувањето на мерките. Слободен печат направи пресек на најбизарните случки на прекршоци што се случувале откако почна пандемијата, од списокот на обвинителствата ширум земјата долг 57 страници.

Граѓани се собирале по пет луѓе во соба во хотел „Молика“ за време на државен карантин, имало случаи кога пијани лежеле на улица по полноќ, наместо во изолација отишле на фризер на шишање, се возеле со велосипед во селото во полициски час, на полицајците им покажувале дозволи за движење што се невалидни, а на еден граѓанин дури и му успеало да ја напушти земјава и да отиде дури до Швајцарија, иако потпишал дека ќе седи во задолжителна изолација. Ова се само дел од засебните прекршувања за кои јавните обвинителства ширум државата покренале постапки. Списокот е долг и широк од почетокот на пандемијата и откако почна да се казнува непочитувањето на мерките за спречување или сузбивање на опасната заразна болест Ковид 19.

,,Најскапото шишање” го платил струмичанец кој се вратил од Германија во Македонија и на Табановце потпишал изјава дека ќе се самоизолира, но шест дена подоцна отишол во фризерски салон во Струмица. Предложено е да се казни со 3.000 евра.

Друг граѓанин потпишал изјави за самоизолација на граница, но истиот ден викал екипи да му наместат кабловска и телевизија дома, неносејќи никаква заштитна опрема и без да им каже на мајсторите дека е сомнителен за ковид-19.

Друг човек пак, кој добил позитивен резултат на коронавирус од приватна клиника која тестира со ПЦР метода, наместо да седи дома и да се лекува, полицијата го начекала како фрла ѓубре покрај контејнери и предложено е да се казни со 2.000 евра.

Во листата на постапки што ги покренале обвинителствата ширум државата има и такви, кога луѓе што потпишале да бидат во самоизолација дома 14 дена, оделе во полиција, во судови и во општински згради, само неколку дена откако на хартија го ставиле потписот.

Дури ни полицискиот час не бил пречка за две лица од Куманово да отидат во стан кај некого со кого имале претходни несогласувања и да се степаат. Предложената казна за „ферката“ во полициски час е 50 дневни глоби од по 20 евра. Со 1.000 евра се предлага да се казни човек од село Романовце кој го управувал тракторот во полициски час. На 17 март кочанчанец се вратил од Шведска и на скопскиот аеродром потпишал изјава дека ќе оди во задолжителна 14 дневна самоизолација. Меѓутоа, следниот ден се појавил во основниот суд Кочани и ги шокирал сите присутни. Предложено е да се казни со 2.000 евра. Друг кочанчанец кој стигнал во земјава од странство на 16 март пак и потпишал дека ќе оди во изолација, два дена по ставениот потпис се појавил во полициска станица во Кочани. И за него се бара казна од две илјади евра. Имало и граѓани што наместо во домашна изолација биле во државни и општински институции.

Збирниот извештај на прекршувањата кој е долг 57 страници покажува дека обвинителствата имале полни раце работа. Во извештајот се најде и лекар од кавадаречката болница чија ќерка се вратила од Италија, а тој продолжил да оди на работа во белиот мантил. За него е предложена казна од 4.500 евра.

И познатиот ороводец со веселата дружина се најде во долгиот список на обвинителствата. Триесет луѓе на 19 април на улицата Јосиф Јосифовски во Гевгелија играле оро на претходно пуштена музика. За секој поединечно се бараат по илјада евра казна. Во Битола пак, пет души од исто семејство излегле пред куќа па се степале со соседите и предложено е да се казнат со 2.000 евра.
Сопружници од Струмица се вратиле од Швајцарија и потпишале дека ќе се самоизолираат. Но, една недела подоцна, отишле на гости кај роднини, а едниот од од нив на 23 март преку Деве Баир со автомобил повторно заминал за Швајцарија. За нив казната е 3.000 евра.

Имало и кафеанџии што ги служеле гостите и покрај тоа што владата донесе одлука угостителските објекти да се затворат. Полицајците си имале мака и со човек што влегол на граничниот премин Блаце па им избегал од собата за изолација и влегол во автомобил што претходно го викнал по телефон, па морале да го бркаат и да го враќаат на граница.

Триесет и шестгодишен стружанец влегол во земјава со камион на граничниот премин Табановце од Данска, потпишал дека ќе оди во изолација 14 дена, но уште истиот ден на Ќафасан се јавил за излез во Албанија. Не само што излегол туку и истиот ден се вратил повторно во Македонија. За оваа ,,екскурзија” обвинителството предвидело 4.000 евра казна.

Имало и луѓе што во полициски час се возеле во автомобили без регистерски таблички.

The post Ги двоиме најбизарните прекршоци на самоизолација: Струмичанец едно шишање ќе го чини 3.000 евра appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....