17.8 C
Скопје
10:24 - 5 мај, 2024

Дескоска: Има аргументи за одбрана на позициите на државата пред Стразбур

 Поранешната министерка за правда Рената Дескоска смета дека има аргументи за одбрана на позициите на државата во случајот што се отвори откако пред судот во Стразбур повеќемина поранешни функционери побараа да паднат судските предмети против нив, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов.

На гостувањето во емисијата „Вин-Вин” на телевизија Телма на која свое размислување даде и професорот по кривично право Гордан Калајџиев, Дескоска изрази уверување дека во градењето на стратегијата на државата за овој случај ќе бидат земени предвид и аргументите на професорот Калајџиев.

– Апсолутно мислам дека аргументите на професорот Калајџиев се одржливи и значајни и мислам дека министерот Маричиќ ќе го искористи тоа во градењето на стратегијата со дополнителни аргументи, рече Дескоска.

Според професорот Калајџиев, единствениот вистински начин за да се одбрани државата е да покаже дека стануваше збор за сериозна повреда на човековите права во земјава за кои не се дава помилување или амнестија.

– Стразбур би бил збунет ако ние се обидеме да покажеме дека нашите уставни судии се неписмени и дека политички му помогнале на Иванов. Кога Стразбур го гледа проблемот, тие Иванов го гледаат како легитимен претседател, рече Калајџиев.

Смета дека Стразбур нема да го интересира многу дали одлуката на Иванов била законита или не, особено ако тоа прашање е спорно во домашното законодавство. За жал, вели Калајџиев, меѓу домашните експерти прашањето не е толку правно дискутабилно, колку што е за земање на политичка страна во правната аргументација. Што значи дека ние како општество и како правна фела не сме зрели да излеземе на крај само со правни аргументи, ниту да ги почитуваме правните институции бидејќи и тие се политизаирани.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција истакна дека пред десетина дена до Владата стигнало барање од Европскиот суд за човекови права да одговори во врска со апликациите поднесени до Судот поврзани со предметите на поранешното СЈО и оти во овој период државата подготвува стратегија за настап кој, како што рече, ќе биде во одбрана на владеењето на правото и правната држава.

– Ние сме сега во почетна фаза, стигнаа пред десеттина дена апликациите на одговор од Владата. Се уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно работиме и се подготвуваме и не би давал конкретни податоци, што и како ќе се случува. Мислам дека ќе направиме соодветна стратегија која што ќе работи во одбрана на владеењето на правото и правната држава, рече Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање. 

The post Дескоска: Има аргументи за одбрана на позициите на државата пред Стразбур appeared first on Слободен печат.


Дескоска: Има аргументи за одбрана на позициите на државата пред Стразбур was first posted on октомври 8, 2020 at 10:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....