12.8 C
Скопје
00:29 - 3 мај, 2024

Дали Турција ќе стане новата Италија?

Во Турција официјално уште има релативно мал број на заразени и починати од коронавирусот, пишува Дојче Веле.

Меѓутоа, последниве денови тој број драстично расте, речиси исто толку брзо како и во САД. А властите очигледно за тоа не ги информираат луѓето како што би требало, наведува Дојче Веле.

Истанбул, Турција / 26 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Списокот од официјалниот регистар на починати на Истанбул кружеше неколку часа на социјалните мрежи пред пристапот да биде блокиран. На тој список бле наведени смртни случаи од претходниот ден – името на умрените, датум на раѓање и причината за смртта на вкупно 255 лица. Како причина за смрт – Ковид-19 е наведен 20 пати.

Турскиот министер за здравство бил приморан да објасни што се случило, бидејќи за истиот тој ден, 28 март, неговото министерство објавило дека има само 16 смртни случаи од последиците на коронавирусот – и тоа во цела Турција. Првото објаснување на министерот гласело дека изгледа уште четири лица умреле откако ги објавиле бројките. Било потребно да пројде уште еден ден и пол за комуналното претпријатие во Истанбул кое управува со гробиштата да признае дека грешката била нивна. Министерот е во право, соопштиле од претпријатието.

Меѓутоа, сомневањата и недовербата во информациите од власта остануваат. Сомнителен е и заменикот на турската лекарска комора, Али Черкезоглу кој вели дека „во бројките мораме да веруваме, но не мораме да ги прифатиме, бидејќи ќе мораме да ги преиспитаме. Бидејќи, ако одговорните во земјата не спроведуваат доволно тестови, тогаш ќе мора да се разговара за тоа дали тоа е вистинската статистика во земјата“.

Бројот на случаи 50 пати поголем?

Тоа што го зборува Черкезоглу е чувствителна тема. Релативно малиот број на заразени би можел да има поврзаност со малиот број на тестирање, вели тој. Од избивањето на епидемијата до минатиот викенд, во Турција се тестирани помалку од 50.000 луѓе – толку во Германија се тестираат за само еден ден. Некои експерти сметаат дека бројот на непознати случаи во Турција е 50 пати поголем.

Во меѓувреме, училиштата, факултетите и повеќето продавници се затворени. На луѓето им е кажано да не ги напуштаат своите домови. Сите летови се откажани. Патување во земјата е дозволено само со одобрување. Властите во карантин ставија околу 40 општини.

Полицаец ја мери температурата на сите што излегуваат од Истанбул, на еден од излезите во градот / 27 март 2020, Истанбул, Турција /. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Тоа е меѓутоа, единствената информација за тоа кои региони се посебно погодени, а за Али Черкезоглу тоа не е доволно.

„Сакаме јавноста транспарентно да се информира, и тоа не само секоја вечер за нови бројки на заразени и умрени. Мора да бидат наведени повеќе детали, при што имињата на пациентите мораат да се чуваат во тајност. Турција има проблем со транспарентноста – кога станува збор за коронавирусот, но и за секоја друга тема“, критикува тој.

The post Дали Турција ќе стане новата Италија? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....