22.8 C
Скопје
20:25 - 18 мај, 2024

Д-р Кунгуловски советува: Што треба да прават пациентите што се на домашно лекување

Генерално, лекарите упатуваат апели до граѓаните, посебно оние коишто се на домашно лекување веднаш да реагираат доколку им се влоши здравствената состојба – за да може да се изреагира навремено.

Прашањето е, како би знаел обичен човек, па и неговиот матичен лекар, дека здравствената состојба на пациентот е влошена без правење на редовни крвни, биохемиски и имунолошки тестирања во текот на болеста. Утврдување на субјективни симптоми е недоволно, бидејќи луѓето имаат тенденција да лажат или да се надеваат на најдоброто или, пак, непотребно да паничат кога зборуваат за нивните симптоми.

Мора да има објективни параметри за следење на состојбата. Само преку утврдување на различни параметри може да се направи едуцирана проценка како почнала, до каде е стигната и каде би можела да отиде болеста.

Има градација на влошување на здравствената состојба и еден тип на влошувања (на почетокот) може да се контролираат, други не може. Многу често кога самиот пациент ќе почувствува дијаметрално влошување на состојбата е доцна и болеста веќе излегла надвор од контрола. Имуниот систем станува незауздан и речиси ништо не може да го сопре.

За тоа треба добра логистичка инфраструктура и организираност.

Ги поздравувам апелите, ама ми делуваат на она стандардното, македонското – илузорно да се направи нешто колку да се рече дека е направено, колку да стои документирано дека е направено.

Пациенти на домашно лекување со ковид-19 добро би било да:

  1. Мерат и следат температура.
  2. Купат пулс-оксиметар и мерат сатурација на кислород. Ако е под 9 отсто, веднаш да се реагира.
  3. Мерат дишење, ако е повеќе од 30 пати во минута, веднаш да се реагира.
  4. Следат притисок во гради.
  5. Имаат постојан контакт со лекар.

(Фејсбук статус на д-р Горан Кунгуловски)

The post Д-р Кунгуловски советува: Што треба да прават пациентите што се на домашно лекување appeared first on Слободен печат.


Д-р Кунгуловски советува: Што треба да прават пациентите што се на домашно лекување was first posted on јуни 29, 2020 at 9:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....