24 C
Скопје
09:01 - 10 јули, 2026

БРУТАЛНО: Јавна смртна казна за прекршеување на ковид-мерките во Северна Кореја!

Северна Кореја одржи јавно погубување со стрелање за да казни човек кој ги прекршил правилата воведени поради коронавирусот, велат извори од земјата.

Човекот обвинет за шверц преку затворената граница е убиен на 28 ноември за да се заплашат луѓето и на тој начин да се почитуваат правилата, наведува „Радио Слободна Азија“.

Иако Северна Кореја јавно тврди дека нема ниту еден случај на ковид-19, режимот на Ким Џонг-ун воведе „итни мерки на карантин на исклучително високо ниво“ и на војниците им е наредено да пукаат на луѓе кои ја поминуваат границата со Кина, кажуваат извори.

„Имаа јавно погубување со стрелање за да им се заканат на жителите во пограничното подрачје, бидејќи имаа контакти со луѓе од другата страна на границата“, вели еден извор.

Убиениот маж според наведувањата бил во 50-тите години и е обвинет за шверц со кинески деловни партнери преку границата која во поголем дел од 2020 година е затворена.

Извор: Блиц.рс

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova
Се вчитува....