13.8 C
Скопје
23:31 - 2 мај, 2024

Барем на еден ден ставете се во чевлите на дислексично лице, ќе сафтите дека сите сме исти

Само да може, секој од нас, барем на еден ден или на еден час, да се стави во чевлите на дислексичното лице, ќе увиди дека апсолутно, сите сме исти. Дислексичните лица имаат еден предизвик пред кој секојдневно се исправени, а тоа е течното читање. Тоа не е причина за тие лица да бидат посочувани како лица со проблем. Можеби за некого тоа што некој е дислексичен е проблем, но за мене не е. За да бидат нештата појасни, работите мора да ги гледаме реално, онакви какви што се.

Мислам дека нема човек на планетава што нема некоја маана. За некој од нас таа е проблем, видлив или прикриен, за некој пак предност. Кога реално ќе ги сумираме работите, сите сме исти. Нема совршени.

Кога започнав да го откривам овој свет, светот на лицата со дислексија, на почетокот сосема за мене невидлив, открив три нешта за овие лица.

Кога се мали и кога ќе почнат да одат на училиште, дел од нив, ако не и поголем, се затвараат во некој свој свет, неволно говорат за проблемот кој го имаат (тој со течното читање) и гледаат ако можат таа тема да ја избегнат, бегаат од каков било разговор.

Втората работа која ја открив е дека дислексијата со текот на годините многу отворено се прифаќа од општеството.  За ова можеби најзаслужни се низа здруженија, меѓу нив и здружението „Ајнштајн“ кое низ организирани дружења и настани на сите дислексични лица им дава секаква помош и поддршка. Васушност и самото име на здружението е по славниот Алберт Ајнштајн, кој и самиот бил дислексичен.

Третата работа која ми ја открија дислексичните лица е дека тие имаат вроден талент за уметност, а сликите или нацртите можат без проблем да ги видат и во 3Д, додека ние обичните смртници се трудиме да ги замислиме и во 2Д.

Во разговор со многумина дислексични дознав дека личната „криза“ поминува кога ќе увидат или кога ќе сфатат дека проблемот со читањето не е крај на светот, бидејќи со оглед на потешкотијата, со неа ќе се борат цел живот.

Полека, но сигурно, и македонското општество се отвара кон овој проблем. Дислексичните, за жал, барем засега, во средните училишта, без разлика на успехот, се примаат во категоријата на лица со посебни потреби. Зошто е тоа така знае само законодавецот оти тој ја донел одлуката, а непознато е зошто така одлучил. Сепак како и да е, ова им дава шанса да го учат тоа што го сакаат и да ја следат наставата според посебна, за нив продготвена програма, барем на хартија е тоа така.

И на крај, се се сведува на едно нешто. Без разлика дали станува збор за дислексично дете или возрасен, мора да научиме дека сите сме исти, сите со своите маани и предности, бидејќи како што и ние сакаме да сме среќни и насмеани, така сакаат и децата дислексични.

 

The post Барем на еден ден ставете се во чевлите на дислексично лице, ќе сафтите дека сите сме исти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....