14.8 C
Скопје
23:04 - 2 мај, 2024

АНАЛИЗА: Новиот мигрантски бран доаѓа во поинакви околности од оние во 2015 година

Грчките безбедносни сили и натаму се обидуваат да ги спречат илјадниците мигранти кои од Турција сакаат да влезат на територијата на Европската Унија, откако Анкара одлучи да ги отвори границите.

Изминативе 24 часа се појавија бројни видеоснимки на кои се прикажуваат жестоки пресметки меѓу граничната полиција и мигрантите. На една од снимките може да се види како грчката крајбрежна стража турка чамец полн со мигранти, и потоа еден од полицајците со огнено оружје пука во воздух.

Слични видеа интензивно дистрибуираат турските медиуми, обвинувајќи ја грчката полиција дека спроведува насилство и намерни напади на мигрантите.

Споменатата снимка доаѓа на само еден ден од кога едно дете се удави во близина на грчкото крајбрежје, откако чамецот во кое се наоѓало заедно со 50 мигранти се превртел.

Турските медиуми јавуваат дека грчката полиција пукала во воздух во близина на граничниот премин Кастаниес, каде чекаат над 10 илјади мигранти кои сакаат да влезат во Грција.

Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција дека нејзините погранични сили убиле двајца мигранти, што Атина го демантираше. Но, факт е дека судирот на мигрантите и грчките погранични власти се интензивираше, а на одделни непотврдени со достојност снимки, се прикажуваат повредени мигранти.

Од друга страна Европската Унија за разлика од мигранстската криза од 2015 година, сега има построг став кон мигрантите. Пред пет години земјите од ЕУ пропуштија стотина илјади мигранти кои во поголем дел завршија во Германија. Во тоа време оваа земја ја промовираше политиката на „отворена врати“, односно буквално ги повика мигрантите да дојдат и така да го потполнат недостигот на работна сила во германската економија.

Она што сега е поинаку од околностите во 2015 година е тоа што Германија веќе не сака да прими мигранти. Пазарот на работна сила и натаму не е пополнет, но германското општество се уште се привикнува од последиците на приливот на мигрантите од првиот бран од 2015 година.

Со други зборови Германија и натаму се обидува состојбата да ја држи под контрола да ги сортира ресурсите и така да ги остварува своите примарни економски интереси без големи негативни влијанија.

Но, негативните последици се дуплирани. Од една страна со влегувањето на преголем број на мигранти одеднаш, доаѓа до создавање на мигрантски гета во градовите. И покрај големата политичка коректност, и одредени статистички операции, сепак факт е дека со доаѓањето на мигрантите се зголемува стапката на криминалот и се намалува на личната безбедност на населението.

Другата последица е секако менување на демографската карта на Европа, а особено во Германија каде зголемувањето на бројот на мигрантите предизвикува радикализација на автохтоните жители, Германци и Европјани, па оттаму доаѓа и јакнењето на ултрадесницата како идеолошка политичка опција. Во Германија е забележан растечки рејтинг на ултрадесничарската Алтернатива за Германија, која значитлено им ги поматува сметките на либералните конзервативци на ЦДУ и Ангела Меркел.

Но, јакнењето на екстремната и ултрадесницата не и оди во прилог на капиталистичката класа. Компаниите имаат потреба од нова работна сила за да имаат профит, и засега таа политика од минатото им помогна да ја задржат економската кондиција на своето призводство и продажба.

Сите големи светски економии буквално ќе ги вшмукаат мигрантите со цел да добијат евтина работна сила. САД тоа го прават со мексиканските, а Италија со кинеските работници.

Но, сега американскиот претседател Доналд Трамп сака да изгради ѕид кон Мексико, додека Италија ги обвинува Кинезите дека тие го донеле коронавирусот во Европа.

За потсетување, Европската Унија се „испазари“ со Турција дека ќе ѝ плаќа доколку таа држи околу 4 милиони бегалци пред портите на ЕУ, и дека ќе ги пушта по потреба, на одделни европски економии.

Турција пак, овој договор го сврте во своја корист. Односно, покрај парите од европските фондови, бегалците ги користи и како закана. Не е тајна дека Ердоган на многупати изјави дека ќе ги пушти бегалците доколку ЕУ не исполни одредени турски барања.

Сега неговите барања се со намера да добие поддршка од НАТО за своите планови во Сирија, односно дека постои само еден начин да се запре мигрантскиот бран, а тоа е ЕУ да ја поддржи турската иницијатива во Сирија.

Оттаму, жестоките судири на турско-грчката граница, кои во наредниве денови може само да ескалираат, не се случајни. Се работи за последица на поширокиот консензус на земјите од Унијата кои за разлика од минатото се воздржуваат од осуди за евентуалната бруталност на грчката полиција, а за која Турција тврди дека се спроведува.

Добрите познавачи на состојбите сметаат дека сега е најважно Европјаните да му кажат „не“ на Ердоган, бидејќи во спротивно, неговите наредни потези можат да направат голема штета на Европа.

Сѐ додека ЕУ вербално му даваат поддршка во турските воени операции во Сирија, се остава простор Ердоган да поставува услови и закани, сметаат добрите познавачи на состојбите, кои предупредуваат дека грчко-турската граница во следниот период може да стане вистинско бојно поле на мигрантите кои сакаат да влезат во Европа.

Ердоган изминатиов период влезе во војна на неколку фронта. Инвазијата во Сирија, интервенцијата во Либија, играње на раб на војна со Русија.

Храброста на овие потези кај Ердоган можат да упатат на тоа дека односите со САД се опоравуваат, па оттаму и подршката на Американците, кои нема да имаат дилема да направат се да ја вратат наклонетоста на регионалната велесила како што е Турција, и да ја отргнат од 5 годишната политичка прегратка на Русија и Владимир Путин.

The post АНАЛИЗА: Новиот мигрантски бран доаѓа во поинакви околности од оние во 2015 година appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....