26.8 C
Скопје
15:37 - 29 април, 2024

(РАЗГОВОР) СТЕ ПРОБАЛЕ ЛИ УРДА ОД БАДЕМ? Пале во Струмица махерски ја произведува, здрава е и неодолива!

Пале Милковска се занимава со модерна и необична професија – домашно производство на урда од бадем. Урдата се произведува во Струмица.

– Станува збор за домашно производство во домашни услови. Во самиот производствен циклус ги користиме стандардите за квалитет на храна и секако заштита на здравјето на нашите потрошувачи – не воведува Пале во оваа нејзина интересна приказна.

Од нашата соговорничка дознаваме повеќе за предностите и специфичностите на оваа необична, но здрава урда.

Која е предноста на оваа урда?

– За урдата од бадем може многу да се зборува. Еве само мал дел од нејзините предности. Со самото тоа што не е млечна, нема присуство на лактоза, па е одлична за сите кои се интолерантни на оваа состојка. Безбедна е за лицата кои имаат целијакија бидејќи не содржи глутен. Истовремено е посна и веганска. Од друга страна бадемот содржи доста витамини како што се А, Ц, Д, Е, К, тиамин, Б1, витамин Б6, витамин Б5 и минерали како што се калциум, бакар, железо, калиум, селен, манган, цинк и фосфор. Користењето на оваа витаминско- минерална бомба во секојдневната исхрана ги уништува штетнтие материи во нашиот организам и дава неопходен имунолошки штит на нашето здравје.

Дали станува збор за семеен бизнис и кои се сите вклучени во производството?

-Секако дека ги следиме трендовите на поттикнување на домашното производство, а со тоа и на локалниот економски развој. Во таа насока, севкупните случувања предизвикани и со Ковид пандемијата ги исфрлија на површина евентуалните проблеми на недостиг на храна и потребата од зајакнуавње на домашното производство. Истовремено економската несигурност и зголемувањето на потребите за задоволување на секојдневните потреби ја создадоа втората нишка во оваа плетенка. Значи да сумирам, урдата од бадем е во зародиш на нешто што може да биде семеен бизнис со оглед на можностите кои ни стојат на располагање пред сè со продажбата „од куќен праг“.

Од каде го откривте, односно, добивте рецептот за урда од бадем?

– Како што обично бива, убавите работи се случуават случајно. Во една прилика мој колега коментираше за неверојатниот вкус на урда од бадем. Тоа ме поттикна да почнам посериозно да се ангажирам и да откријам нешто повеќе за технологијата на производство на овој артикал, кој пак ми беше добредојден во време на пости. Така идејата почна да се реализира. Пробав неколку варијанти, заедно со луѓето кои безрезервно ме поддржуваат и поттикнуваат. Кога ја откривме вистинската комбинација решивме да ја понудиме на пласираме на пазарот под името „Дар- урда од бадем“.

фото – приватна архива

Во кои јадења може да се употребува?

– Секако урдата од бадем е богатство на секое мени и за секоја прилика. Со неа, посебен вкус добиваат ладните сендивич, тортиљите, лепчињата. Совршена е во комбинација со туна до комбинација со спанаќ. Им дава посебен шмек на салатите, ладните предјадења и кетеринг-менијата.

Што друго произведувате и кои ви се плановите за развој?

– Во моментов урдата од бадем е едиствениот дар кој го даваме на нашите потрошувачи. Но се андеваме нема да остане уште долго така. Во иднинна сакаме да го збогатиме нашиот асортиман со нови продукти на чии идеи работиме. Како што кажав претходно, нашата прикзана е сплетена со потребите за домашно произведена храна и можностите за економски развој. Со искористуавње на достапните мерки за поттикнување бизнисот, сакаме да прераснеме во семеен бизнис, кој ќе продолжи да нуди квалитет за потрошувачите. Засега сакаме „Дар урда од бадем“ да стигне и во поголемите маркети. Всушност во развиените земји пракса е да им се помага на малите индивидуални производители да станат видливи на пазарот. Се надевам дека овие позитивни пракси ќе ги инкорпорираат и нашите поголеми синџири маркети, а користа секако ќе биде тространа, нивна, наша и на нашите заднички купувачи и конзументи. Засега, оние кои сакат да пробаат од „Дар урда од бадем“ тоа може да го направат преку нашите Инстаграм и Фејсбук профили.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

 

 

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....