17:55 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ВОН ЅИДОВИТЕ: Кал Пен сподели со јавноста дека е геј и го покажа партнерот

кал пен

Кал Пен, американски актер со индиско потекло, кога го знаеме по улогите во серијата „Доктор Хаус“ и франшизата „Харолд и Кумар“, откри на јавноста дека е геј и дека со партнерот со кој е во врска 11 години планираат свадба.

„Кога веќе сте им кажале на вашите индиски родители, како и на целата јужноазиска заедница дека имате намера да бидете актер, секој разговор што доаѓа после тоа е многу лесен. Нивниот одговор беше само „Да, во ред.“ Чувствував голема поддршка од сите“, изјави Пен за магазинот „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BJ Raynal IV (@raynaliv)

Пен стана популарен кај пошироката јавност по комедиите „Харолд и Кумар“, каде тој и неговиот „надуван“ пријател се впуштаат во разни авантури под дејство на марихуана.

Тој вели дека релативно доцна открил дека е хомосексуалец, барем во споредба со другите луѓе, иако во тие ситуации нема одредено временско правило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kal Penn (@kalpenn)

Кал Пен исто така рече дека, како и целото негово семејство, и неговиот вереник се грижи за приватноста. Сепак, тој во едно интервју откри како изгледал нивниот прв состанок.

Џош се појавил кај него со гајба пиво и сакал да ги гледаат трките на „Nascar“ . Кал тоа воопшто не го интересирало и мислел дека средбата е осудена на пропаст. Па така, Џош и Кал гледаат заедно трки секој викенд веќе десет години. Љубовта се случила некаде на пат.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....