0.8 C
Скопје
10:10 - 19 декември, 2024

Ова е само меѓу вас: Брачни тајни што не се откриваат никому!

Не смеете ниту на сестрите, ниту пак на вашите мајки!

Многумина од нас имаат потреба да им ги раскажат сите проблеми на своите пријателки. Без разлика од каква природа е проблемот, се чувствуваме подобро кога ќе им се довериме на оние што најдобро не’ разбираат, а најчесто разговараме за љубовните проблеми.

Повеќето експерти сметаат дека некои детали од љубовната врска или бракот сепак би требало да останат меѓу партнерите и не би смееле да ги споделуваме со други, дури ни ако се работи за најдобри пријатели.

1. Караници со семејството на партнерот

Сите понекогаш имам некоја замерка за однесувањето на свекрвата или јатрвата, но тоа би требало да го задржиме за себе. На луѓето им е во природа да заземат дефанзивен став кога е во прашање нивното семејство, а вие никогаш не можете да знаете дали коментарот што сте му го кажале некому во доверба ќе стигне до партнерот или семејството и ќе предизвика нови конфликти.

2. Сексуалните фантазии на партнерот

Фантазиите би требало да бидат тајна, бидејќи се работи за најинтимниот дел од сексуалниот живот. Понекогаш на партнерите им требаат години за да ги доверат и очекуваат тоа да остане ваша заедничка тајна, а не тема за разговор со кафе.

3. Приватни информации

„Те молам нека остане ова меѓу нас“ е реченица што ве обврзува да ја чувате тајната. Без разлика за што се работи, ако партнерот ве замоли за дискреција, тогаш должни сте да ја почитувате неговата желба.

4. Непријатности од лична природа

Информациите за лошиот здив или непријатниот мирис на нозете задржете ги за себе. Поточно, на пристоен начин кажете му на партнерот што ви пречи, бидејќи тоа би требало да го чуе само тој, а не вашите пријателки. Станува збор за проблеми што може да се решат и нема потреба од создавање непријатни ситуации, особено ако се работи за нешто поради кое партнерот и онака се чувствува несигурно.

Слични објави

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

(Видео) Кралот Чарлс на тајна древна духовна церемонија во борба со ракот: Медитација, јога и други активности за подмладување

еспресо
Се вчитува....