17:45 - 19 август, 2026

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Уште една „жешка“ естрадна војна ги полни насловните страници, овојпат меѓу Дадо Полумента и Ѓани. Конфликтот настанал откако Дадо со трудната сопруга „заглави“ на Малдивите поради војната, на што Ѓани реши малку да се пошегува.

Имено пејачотреши јавно да му одговори на својот колега Ѓани, кој претходно ги исмеваше колегите што останаа заглавени на Малдивите по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Додека Ѓани тврдеше дека „само треба да платиш поскапа карта“, Дадо откри дека реалноста била многу пострашна.

„Картите исчезнуваа за пет секунди“
Дадо, кој со својата трудна сопруга и децата патувал повеќе од 30 часа низ четири држави за да се врати дома, не остана должен на коментарите дека „парите решаваат сè“.

„Порака до Ѓани: не беше онака како што кажа колегата. На секои пет минути картите поскапуваа за по 5.000 евра и исчезнуваа во рок од пет секунди. Не беше работата само да извадиш пари од џеб и да купиш карта, едноставно ги немаше“, изјави видно испровоцираниот Дадо во поткастот „Сиктер“.

Што кажа Ѓани?

Претходно, Ѓани во негов стил се шегуваше со ситуацијата во која се најдоа неговите колеги.

„Да ми се случеше тоа мене, ќе останев на одмор уште два месеци! Не разбирам зошто се заглавени? Одиш преку Кина, преку Русија… Само картата е малку поскапа“, изјави фолкерот низ смеа.

30 часа пекол со трудна сопруга

Семејството Полумента помина низ вистинска голгота за да стигне до Србија. Иако планирале седум дена одмор, тој се претворил во 14-дневен стрес под сенка на војната.

„Ова беше најдолгиот пат досега. Жена ми е трудна, но добро се држеше. Не можеш да уживаш кога во близина гинат луѓе и летаат гранати. Сменивме три временски зони, повеќе не знаеме каде сме, но среќни сме што сме живи и здрави“, изјави Дадо по враќањето.

Слични објави

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

(Фото) Лепа Брена целосно непрепознатлива прошета по улиците на Мостар – се појави без грам шминка и очила за вид

Еспресо

Оља Црногорац го покажа телото во бикини по породувањето во 41. година

E.A.

(Фото+видео) Свилен фустан долг 10 метри – Теа Таировиќ прошета на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова горда на својата ќерка — Елена матурираше, дизајнерката сподели фотографии од свечениот ден

Еспресо

(Фото) Вистината за односот на Весна Змијанац и Реља Поповиќ — пејачката објави фотографија која откри сè

E.A.
Се вчитува....