02:31 - 28 ноември, 2026

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Балканската фолк легенда Весна Змијанац отворено проговори за несогласувањата со својата наследничка, пејачката Николија Јовановиќ. Иако денес се во одлични односи, патот до разбирањето не бил секогаш лесен, особено во годините кога Николија била бунтовна тинејџерка.

Факултетот бил услов за сè

Весна откри дека уште од мали нозе ѝ поставила јасен услов на својата ќерка – може да се занимава со што сака, но прво мора да заврши факултет.

„На Николија ѝ реков: прави што сакаш, само заврши факултет. Тоа ми беше целта. Што сè имаше таа во главата тогаш, тоа не е моја работа. Јас знам што сугерирав како мајка и тоа беше моја должност. Се расправавме и за моите здравствени проблеми, но тоа е нормално. Ништо страшно“, раскажа Весна за медиумите.

Николија: „Разводот на родителите ме скрши“

Од друга страна, Николија во една прилика призна колку тешко го поднела разводот на Весна и нејзиниот татко Владо Јовановиќ. Иако била свесна дека многу деца растат без родители, таа болка ја носела долго во себе.

„Мене тоа ме разнесе. Секогаш си велам: ‘Не биди размазена’, некои луѓе како сопругот Реља пораснале без татко и сигурно му било потешко. Но, мене разводот на моите многу тешко ми падна. Среќа што купија станови на Врачар во соседни улици, па барем не морав да одам далеку за да ги видам“, истакна Николија.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....