12:15 - 18 август, 2026

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Манекенката Камолван Чанаго, учесничка на изборот за Мис Гранд Тајланд, се најде во непријатна ситуација на сцената кога во текот на настапот ѝ се одлепија забните навлаки, а видеото од моментот брзо се прошири и привлече големо внимание, пренесува „Сан“.

Таа за миг се сврте настрана за да ги отстрани, а потоа веднаш се врати пред публиката и продолжи со своето движење како ништо да не се случило.

Токму нејзината присебност и самоконтрола предизвикаа бројни пофалби.

„Вака се реагира во вакви ситуации“, „За мене таа веќе е победничка“, „Круната ѝ припаѓа“, се дел од реакциите на социјалните мрежи.

@latinus_us La concursante Kamolwan Chanago, representante de Pathum Thani en Miss Grand Thailand 2026, perdió una pieza de su prótesis dental durante una pasarela transmitida en vivo. La modelo recogió el objeto con discreción y continuó su presentación, mientras el video del incidente se viralizó en redes sociales. #Latinus #InformaciónParaTi ♬ original sound – Latinus

Инцидентот се случил за време на прелиминарната фаза од натпреварот, а финалето е закажано за утре, кога ќе биде избрана победничката која ќе ја претставува Тајланд на светскиот избор Мис Гранд 2026 во Индија.

Круната ќе ѝ ја предаде актуелната носителка на титулата, Ема Тиглао од Филипини, земја која минатата година забележа историски успех со последователни победи, откако Си Џеј Опијаза ја круниса својата наследничка.

Слични објави

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо
Се вчитува....