07:09 - 4 април, 2026

Интересни факти за бебињата родени во април

Доколку очекувате бебе во текот на овој месец, или веќе имате дете родено во април, прочитајте што тоа значи за него.

Во април веќе е пролет, а се верува дека децата кои се родени во овој месец се синхронизирани со природата. Науката открила неколку специфични „шеми“ по кои овие деца растат и се развиваат, а кои може да се набљудуваат како нивни заеднички карактеристики.

Најголемиот број се ноќни птици

Според истражување на списанието „Sleep“, луѓето родени во пролет, особено во април, се посклони да бидат ноќни птици отколку другите. Истото важи и за оние кои се родени на крајот на летото, односно во август.

Тие се попозитивни

Во 2014 година е спроведено истражување во Унгарија, каде е утврдено дека родените во април, секако, во делови од Земјата каде април е во пролет, се попозитивни, поприземни и пооптимистични.

Имаат карактеристики на лидери

Децата родени во пролетните месеци најлесно напредуваат во кариерата. Најпасивни се родените среде зима и среде лето, додека неутрални се родените во есен.

Имаат намален ризик од астма

Овие деца, уште во првите месеци од својот живот се изложени на алергени, како што се поленот и тревата, па тоа помага да бидат поотпорни на астма и други нарушувања на респираторниот систем.

Подобро синтетизираат витамин Д

Од раѓањето па во следните неколку месеци, овие деца го минат животот во многу сончеви денови, за разлика од оние кои се родени од октомври до март. Затоа и побрзо ќе се навикне нивното тело на производство на витамнин Д. Сепак, бидете внимателни и редовно користете креми со заштитен фактор, за да ги заштитите од ризикот од меланома.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....