21.8 C
Скопје
14:48 - 9 октомври, 2026

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

Познатиот пејач Милош Бојаниќ најмногу сака да престојува во својата луксузна вила во Баошиќи, Црна Гора. Сепак, семејната среќа пред години ја засени ненадејната смрт на неговата сестра , настан кој остави длабока трага врз целото семејство.

Иако во текот на својата богата кариера вложуваше многу во недвижности, местото каде што Бојаниќ се чувствува најдобро е црногорското приморје. Но, зад идиличниот живот на брегот се крие голема тага за која пејачот ретко зборува во јавноста.

Сестрата на Милош Бојаниќ, Цвијета, која целото семејство од милост ја викало Лела, починала ненадејно во 48-мата година од животот. Оваа загуба предизвикала огромен шок, а пејачот своевремено призна колку тешко го поднел тој период:

„Имав големи трагедии во семејството и фамилијата, сестра ми почина на 48 години и тоа особено ме погоди. Само падна како покосена и тоа беше огромен шок. Мојата мајка никогаш повеќе не се насмевна откако тоа се случи. Љубовта на сестрата кон братот е нешто најубаво на светот“, изјави фолкерот.

Бродот како вечен спомен

За љубовта кон неговата сестра да живее засекогаш, Милош пронашол трогателен начин да го сочува сеќавањето на неа. Неговиот брод, кој го поседува во Црна Гора, со гордост го носи името „Лела“ и секоја година испловува од Баошиќи во нејзина чест.

Сопругата Бранка му е најголема поддршка

Покрај пловидбата и уживањето, престојот на море за Бојаниќ претставува и работа во која најголема поткрепа му е сопругата Бранка. Нив двајца успешно го водат бизнисот со издавање сместување, а задачите им се совршено поделени.

Бранка е задолжена за комплетната администрација, маркетингот и договорите со гостите, со што целосно го растоварила пејачот. Задачата на Милош е далеку поопуштена тој е тука да ги дочека гостите, да се напие пијалок со нив, да запее и да направи вистинска мала забава. Како што и самиот истакнува, се труди на луѓето да им покаже дека е „нормален човек“ кој му припаѓа на народот, поради што гостите со задоволство му се враќаат со години.

Слични објави

(Фото) Албанската новинарка стана хит бидејќи се појави на теренот во штикли и мини здолниште

Еспресо

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.
Се вчитува....