10:52 - 13 ноември, 2026

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Ретка приказна од нејзиното секојдневие сподели Татјана Стојановска, една од најпрепознатливите македонски ТВ презентерки.

Татјана Стојановска со децении важи за синоним за професионалност, елеганција и безвременска убавина, таа беше Мис на Македонија во 1992 година. Но, во видеото кое го покажа објаснува дека зад беспрекорниот изглед во вестите стојат рани будења, дисциплина и многу подготовка. Во своето последно видео таа ги прошета гледачите зад камерите.

Видеото започнува во раните утрински часови, додека поголемиот дел од Скопје сè уште спие. Татјана, во сосема природно издание и без грам шминка, вози кон своето работно место, „Канал 5“ телевизија.

„Додека повеќето сè уште спијат, мојот ден веќе почнал. Додека градот уште спие, јас веќе сум во движење“, открива презентерката во видеото.

Иако јавноста е навикната на армија професионалци околу јавните личности, Татјана покажа дека самата е одличен „мејкап“ артист. Таа ја покажа својата брзинска рутина за шминкање, подготвувајќи се за студиското светло и сериозноста на информативната програма.

„Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен. Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста. Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд. Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно“, рече Татјана во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....