10.8 C
Скопје
08:42 - 25 октомври, 2026

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ живее во луксузна вила на Дедиње, која ја наследи од својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ. Иако целата куќа зрачи со раскош, еден детаљ посебно го привлече вниманието на јавноста.

Во нејзината кујна доминира белата боја, која на просторот му дава елегантен и скромен изглед. Кујната од трпезаријата е одвоена со мермерен шанк, место каде пејачката често ужива во кафето со својата сестра Лидија.

Висечките елементи се комбинација од затворени и стаклени површини, па може да се види и дел од садовите кои семејството секојдневно ги користи. Работниот дел е опремен со модерни кујнски апарати, иако Цеца повеќепати истакнувала дека готвењето не и е силна страна.

 

„Воопшто не се трудам да се снајдам во кујната“, призна таа еднаш, па додаде:

„Не уживам во тоа и не сум од оние жени кои ќе се претставуваат како сјајни готвачки. Не сум добра готвачка, но сум добра домаќинка, кај мене гостите секогаш се убаво послужени и дочекани.“

Многумина ги изненади и големината на кујната, која не е особено пространа. Ова особено ја зачуди јавноста со оглед на тоа што вилата се простира на неколку стотини квадратни метри, па се очекуваше многу поголем простор за подготовка на храна.
Фотографите можете да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....