Дали сте знаеле дека актерот Џони Деп е во крвно сродство со британската кралица Елизабета?
Тие се далечни роднини, некои велат дека ги делат дури 20 колена, а заедничко им е тоа што и двајцата се потомци на англискиот крал Едвард III.
Потомството од овој крал продолжува со актерката Ел Фанинг, која многумина ја нарекуваат принцеза поради нејзининиот ангажман за Дизни како принцезата Аурора, е всушност на некој начин принцеза и во реалниот живот – што ја прави нејзината улога во популарниот филм Maleficent уште поавтентична.
Во нејзините вени тече сина крв, исто како и кај нејзината сестра која уште како 7 годишно девојче го импресионира Холивуд со главната улога во оскаровската драма I am Sam (2001), актерката Дакота Фенинг.
Тие се 22 внуки на кралот Едвард III, внук на кралот Едвард I. По семејната лоза на овој крал кој владеел со Англија од 32 години, од 16 ноември 1272 до 7 јули 1307, сестрите Фенинг се и далечни братучетки со Војвотката од Кембриџ, однсно идната кралица на Велика Британија, Кејт Мидлтон.
Гранката преку кралот Едвард III сепак не завршува ни тука, бидејќи и добро познатата актерка Ума Турман е негова внука.
Интересно е што неговиот дедо, кралот Едвард I бил познат и како „Законодател“, главно поради големите реформи кои ги вовел во кралството, како и „Долгоногиот“, според својата телесна висина – па можеби Војвотката од Кембриџ (175 цм), Ел Фенинг (175 цм) и Ума Турман (180 цм) ја наследиле висината токму преку овој ген.
На крај, кралските корени на овие ѕвезди се испреплетуваат на многу интересен начин. Престижната актерка Тилда Свинсон која го освои Холивуд со својата автентичност и смелост за експериментирање, има директно потомство (од страна на двата родитела) од кралот Роберт Први, кому историјата му дава дава титула на можеби најголем шкотски национален херој. Неговото име се закитува со вечна слава бидејќи храбро се борел за независност од Англија во 14 век, но погодете против кој владетел – гореспоменатиот крал, Едвард I!