16.8 C
Скопје
20:28 - 27 април, 2024

(ФОТО) ОД ДРВО СОЗДАВА РЕМЕК ДЕЛА: Ви претставуваме дел од неверојатната колекција на Роберт Коцев

На навидум неупотребливите, фрлени парчиња дрво, офицерот со уметничка душа Роберт Коцев, им дава форма и функција. А, за да се додаде душа на дрвото и да дише со нов облик, не е воопшто лесна работа.

По професија е офицер на Армијата, со многугодишно војничко искуство, но во душата уметник, креативец и ракотоворец. Роберт Коцев вели дека енергијата која ја има како војник, исклучително му помага да успее во светот на уметноста.

На навидум неупотребливите, фрлени парчиња дрво тој им дава форма и функција. Потребата од предмети за внатрешно и надворешно уредување на неговиот нов дом му биле поттик да ги реализира замислени проекти.

Неговата колекција на уметнички предмети е огромна, од ситни сувенири, дрвени крстчиња, садови за храна, па сè до масивни проекти како комоди, маси, елементи за седење, ламби, лустери, спални, купатила, а надвор во дворот летниковци, фурна, куќарка на дрво, огниште. Фото-приватна архива

– Започнав уште во 2006 година, кога поради сплет на околности имав потреба да ја опремам мојата куќа со мебел и покуќнина, а тогаш немав доволно финансиски средства за тоа. Започнав со изработка на една гарнитура за седење и така продолжи, а ќе трае сè додека сум жив – раскажува Роберт.

За да се додаде душа на дрвото и да дише со нов облик, а да не се промени неговата природна форма, не е воопшто лесна работа. Бара трпение, идеја, пожртвуваност, волја. Маси, клупи, столици, ламби се само дел од неговите изработки.

– Во сè што работев ми фалеше само искуството, но не се откажав, туку напротив, вложив огромна количина на енергија и го добив првиот мој уметнички проект. Охрабрен од позитивните реакции на моите пријатели, решив да продолжам понатаму и да ја комплетирам замислената гарнитура – шест столици и маса за која имав потреба во мојот двор. Потоа, со изработки опремив мала и голема галерија, па дури и дворот. Двете бањи во галериите каде имам внесено многу креативност и употребував дрво, камен и некои материјали на кои им најдов примена за да креирам навистина уникатни креации. Тука е куќичката на дрво, комплексот во двор, составен од традиционална фурна, огниште и летниковец, некои ламби и лустери, од моментот кога ја развивав идејата до конечна реализација поминале година или две – вели Роберт.

Неговите дела ги изложувал на разни базари и хуманитарни настани. Реализирал и една самостојна изложба во Дом на АРМ. На Фејсбук има свој профил и страница „Уникатни рачно изработени предмети“ каде редовно ги промовира уметничките новитети.

– За жал, освен морална поддршка, некоја финансиска сатисфакција од оваа моја уметничка дарба и немам, досега работам со големи загуби. Нормално, со текот на годините инвестирав многу во оваа моја кративност, меѓутоа кај нас ракотворците не се поддржани онака како што треба- забележува тој.

Неговата колекција на уметнички предмети е огромна. Изобилува од ситни сувенири, дрвени крстчиња, разни предмети со македонски државни обележја, шишиња обложени со дрво, дрвени садови за сервирање храна, па сè до масивни проекти како комоди, маси, елементи за седење, ламби, лустери, спални, купатила, а надвор во дворот летниковци, фурна, куќарка на дрво, огниште и многу други.

– Верувајте, премногу енергија и време треба да се вложи за да се одржува сето ова. Од кога ќе започнам со обработка на дрвото, јас вложувам многу. Почетниот процес почнува во мојата работилница, имам избор на суровини кои ги користам и всушност тие ми диктираат како да тече процесот.

Дрвото како репроматеријал за изработка на каков и да е вид на креација дава топлина, енергија, чувство на природен материјал кој предизвикува уживање. Сите знаеме дека уметноста е една од најскапите дејности, баш поради тоа што директно влијае на емоциите на луѓето. Од таа причина не секој може да си дозволи во своето опкружување да има парчиња мебел изработени од дрво, а уште пак и ако се тие уникатни парчиња.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

 

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....