13:00 - 7 ноември, 2026

Членовите на семејството Кардашијан си ги заменија улогите! (ФОТО)

Семејството Кардашијан – Џенер овој викенд го снимаше финалето на оваа сезона на шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ и ги воодушеви своите фанови. Ким, Кортни, Клои, Кендал и Крис се имитираа една со друга и неверојатно многу ги насмеаа сите.

Кортни Кардашијан (40) објави фотографии од себе како ја имитира својата сестра Ким Кардашијан (39), додека Клои (35) се преправи во својата мајка Крис Џенер (64) и доби огромен број на лајкови на Инстаграм.

Кортни објави фотографија во црно боди и хеланки, кои ги потполни со неонско зелени наочари и долга црна коса. Тоа што е интересно е дека ставила додаток во хеланките за да има поголем задник како нејзината сестра.

View this post on Instagram

lipstick launch

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Кортни индиректно ја предизвика својата сестра, а Ким ѝ врати.

„О Боже! Добро е што Кортни ја напушти просторијата“, рекла Кортни имитирајќи ја Ким.

„Само седам овде на телефон и ја користам картичката на мама“, возврати Ким.

Клои пак беше преправена во својата мајка Крис Џенер зборувајќи за нејзината улога на мајка и менаџер. Таа изгледала идентично како нејзината мајка, носејќи Версаче костим, кратка црна перика и темна сенка за очи, како и големи Шанел обетки.

https://www.instagram.com/p/B6Gw_-Tg8Cz/?utm_source=ig_embed

„Кајли ти само смееш да седиш покрај мене затоа што си мој фаворит и затоа што заработуваш милијарди долари“, се пошегува Клои имитирајќи ја Крис.

„Ја имам мојата Кајли, моето бебе вредно милијарда долари. Таа секогаш ќе ми биде омилено дете поради милијарда причини“, додала Клои.

Исто така, Кендал (24) ја имитираше својата сестра Кајли (22) која продава кармини за уста на младите фанови преку Инстаграм, додека црта циглести и огромни усни на својата рака, претставувајќи нијанси на кармини и правејќи се својата сестра.

View this post on Instagram

rich bitches

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....