9.8 C
Скопје
22:17 - 26 април, 2024

Наоми Кембл доминираше во трендот кој ќе го освои летото!

profimedia

Ресите се вратија повторно во мода и се најавени како еден од водечките трендови за претстојната пролет/лето сезона.

Profimedia

Заводливите реси кои „играат“ околу жената со секој потег, ги маѓепсаа и најпознатите ѕвезди, па затоа имавме можност да ја видиме Шерлиз Терон со нив на гала свеченоста за Оскарите, додека Хајди Клум ги носеше кон крајот на минатата година исто така на една свеченост.

Profimedia

Сега не успеа да им одолее ниту славната манекенка Наоми Кембл, која во ефектниот фустан со реси се појави на БРИТ наградите

Станува збор за креација од Џулиен Мекдоналд, која е претставена минатата година во склоп на колекцијата пролет/лето 2020 година.

Profimedia

Сребрената боја на интересниот фустан совршено и прилегаше на Наоми, покрај темниот тен и коса, а нескротливите реси во разни должини кои неуморно се „движеа“ по телото на манекенката, направија сите погледи да бидат вперени во „црната пантерка“.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....