18.8 C
Скопје
10:19 - 10 мај, 2026

ЗБОГУМ ЛЕГЕНДО: Последно испраќање на Аки Рахимовски денес на плоштадот Македонија

аки рахимовски

Денес, 26 јануари, пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски.

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на нашиот Аки, наведуваат организаторите.

(ВИДЕО) ЈА ПЕЕМЕ КАКО ЉУБОВНА ПЕСНА НО ИМА ДРУГО ЗНАЧЕЊЕ: Што се крие зад најголемиот хит на „Парни Ваљак“?

Главното собирање се планира од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

„….Тужна ја наша улица од када ниси ту

Јер тужну песму пјевају они што остају…“

Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје.

На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио, наведуваат организаторите.

(ВИДЕО) КАРОЛИНА ЕМОТИВНО ЗА АКИ РАХИМОВСКИ: Тргни и полетај, без страв!

Аки Рахимовски е роден во Ниш, но пораснал во Скопје и тука почнал да го стекнува музичкото образование. Тој во 1975 година со Хусеин Хасанефендиќ Хус ја основа првата постава на „Парни ваљак“, а почина на 22 јануари на 67-годишна возраст.

СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ СО ТАГА „Си бевме повеќе со песната отколку со зборовите, луѓето знаеја сè за нас, а само ние знаевме…“

Слични објави

(Фото+видео) Ќерката на Здравко Чолиќ во стајлинг од 7.000 евра – Уна позираше во фустан со деколте и влечки на високи потпетици

Еспресо

Хороскоп за 10 мај: Раковите ќе имаат недоразбирање со блиските, Јарците ќе се соочат со нестабилност во финансиите

Еспресо

Тања Бошковиќ призна дека во младоста ги малтретирала колегите: И ден-денес ми е срам за тоа

Т.Ц.

(Видео) Згодната водителка среде пренос доживеа симпатична незгода: „Ова мора да е шега“

Т.Ц.

„Копав компири и кромид“: Нада Топчагиќ откри како го поминала Први мај

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ со шокантна објава за љубовта: „На жената ѝ даваш семе, таа ти раѓа дете“

Еспресо
Се вчитува....