22.8 C
Скопје
17:51 - 27 април, 2024

(ВИДЕО) ВЛАТКО ГАЛЕВСКИ ЗА НОВИОТ 007 ФИЛМ: Даниел Крег му даде човечна димензија на Бонд

влатко галевски

Новиот филм за Бонд чија премиера неколку пати беше одложувана поради пандемијата, во вторникот ја прослави својата светска премиера во Лондон, а ќе започне да се прикажува во кината ширум светот во текот на неделата.

25-тиот филм за Џејмс Бонд првично требаше да се прикаже во октомври 2019 година. Меѓутоа, поради промената на режисерот и затворањето на кината за време на пандемијата, датумот на дистрибуција беше одложен неколку пати.

ДАНИЕЛ КРЕЈГ ОБЗЕМЕН ОД ЕМОЦИИ: Бонд не плаче, јас плачев

И покрај напорите и петициите на обожавателите на најпознатиот таен агент во светот за порано да се случи премиерата на филмот, филмот ја доживеа својата светска премиера во вторникот, а како што вели главниот актерот, Даниел Крег филмот за Бонд е „епски“ настан кој бара соодветна прослава во кино.

Денес, во рамки на емисијата „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“ гостуваше Влатко Галевски кој разговараше токму за најновиот филм на Џејмс Бонд.

„Оваа франжиза која има 25 изданија, очигледно дека е една од најуспешнинте и најисплатливите франшизи, серијали во еден жанр. Постои таканаречена бодноманија, бондофилија дури постои и такви некои додатоци кои зборуваат дека голем број на симпатизери, љубители на овој јунак, има голема побарувачка на Бонд“, вели Галевски.

Низ историјата се провлекоа веќе пет главни јунаци, од Шон Конери, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Џорџ Лезенби, Пирс Броснан и шестиот Даниел Крег.

„На Крег ова му е петтиот Бонд што го игра, јас не љубам да читам однапред пред да го видам филмот. Не гледам трејлери многу, меѓутоа очигледно дека расположението за овој Бонд, бидејќи веројатно или 99% е последен на Крег, е најавен како големо ремек дело во жанрот“, посочува Влатко Галевски.

Дали филмот „No Time To Die“ ќе биде најдобриот филм некогаш снимен од франшизата, имајќи предвид дека светската публика високо го оценува актерот Даниел Крег како апсолутен победник во конкуренцијата за Џејмс Бонд.

„Мислам дека интересната харизма на Крег, од неговото појавување тој беше добар актер и остана добар актер, но овој серијал го дигна во ѕвездите. Со тоа што голема доверба во него имаше продуцентката Барбала Броколи. Разликата кај овој Бонд е тоа што другите беа малку поугладени ликови, особено Роџер Мур или Тимоти Далтон, тие трпеа, се бореа со противниците, но Крег во сите филмови беше измачуван од противниците, од негативците и мислам дека таа димензија му даде една човечна димензија. Не е тој измислен херој, туку е Бонд од крв и месо – меѓутоа малку посилен“, вели Галевски.

Се водат големи и значајни полемики околу тоа кој ќе го наследи Крег бидејќи во индустријата на филмот, брендот на Џејмс Бонд и франшизата се толку големи што ги надминува само одлуките на продуцентите.

„Копјата се кршат околу тоа дали жена конечно може да биде Џејмс Бонд. Има интересни коментари, може, меѓутоа, не мора да се вика Џејмс Бонд, има хероини од таков калибар, жени, кои можат да се справат со тоа. Не е потребно жена да го наследи овој тип на херој“, вели тој.

Гелевски посочува дека како евентуални наследници на Крег се спомнуваат Том Харди и Идрис Елба.

Во продолжение, целиот разговор со Влатко Галевски:

 

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....