08:11 - 29 ноември, 2026

(Видео) „Теја Дора ќе ја победи Бресквица“: Песната има чудесна симболика

Пејачката Теја Дора со песната „Рамонда“, покрај Бресквица, е главен фаворит за српски претставник за Евровизија.

Но сепак, според бројните фанови кои ги собра околу себе, Теја Дора ќе ја победи Бресквица на српскиот избор за песна за Евровизија – така барем сметаат симпатизерите на оваа пејачка.

Теја Дора во уметничките кругови е позната како авторка на бројни хитови, а соработувала со бројни имиња од регионалната естрадна сцена.

Оваа млада авторка се најде во центарот на вниманието на јавноста кога доживеа вртоглав успех со песната „Џанум“. На српскиот избор за песна за Евровизија, таа настапи со песната „Рамонда“ и собра многу фанови кои навиваат за нејзина победа. Многумина сметаат дека таа сериозно ја разнишала позицијата на Бресквица.

– Родена сум во Бор, на дваесетина километри од планината Ртањ, каде всушност нашиот ботаничар Јосиф Панчиќ прв во светот пронашол примерок од рамонда и утврдил дека тоа е ендемичен вид растение кое тука растело пред милиони години. Тоа го учевме и на училиште, а беше и општествено познато затоа што сите ние од Тимочка краина сме многу горди на рамонда. Инаку, за време на мојот последен престој во Париз, предминатата година, знаењето за симболиката на рамонда ми го дополни пријателката на мајка ми Билја. Таа ми зборуваше за растението рамонда, и мене та ми беше многу интересно, вели таа за српски Курир.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо
Се вчитува....