19:49 - 8 ноември, 2026

(Видео) Песната за Евровизија ја шокираше јавноста во Шпанија, но ги руши сите рекорди!

Во Шпанија се уште тресе скандалот околу избраната песна за Евровизија.

Песната Зора, во изведба на поп дуото Небулоса, соборува рекорди во трите дена откако победи на државниот натпревар.

Беше рангирана како трета најпуштана песна на сервисот Spotify и има над 2 милиони прегледи на веб-страницата на шпанскиот јавен РТВ сервис RTVE.

Дел од јавноста во Шпанија е шокирана, но песната само го следи трендот во комерцијалната музика кој е присутен со години, каде што не важат правилата за пристојност.

„Зора“ или „кучка“ во случајот со оваа песна зборува за двојни стандарди кон девојчињата и момчињата, етикетирањето на жените и лажниот морал.

Проблемот е што во него многупати се повторува зборот „Зора“, што им пречи на дел од јавноста.

По лавината коментари, со соопштение до јавноста се обрати и ЕБУ, во кое порачаа дека Небулоза нема да мора да го менува текстот на песната за настапот на Евровизија и дека спорните зборови треба да се гледаат во поширок контекст. Кога станува збор за настапот во кој меѓу другото се појавуваат и две танчерки со голи позадини, од ЕБУ најавија дека за тоа ќе се одлучува подоцна.

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....