13:12 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) НАЈЛУДАТА СВАДБА ВО СРБИЈА: Со зоља по невеста!

србија свадба зоља12

Секој народ има своја автентична традиција која вешто се пренесува од генерација на генерација. Како кај нас, така и во соседна Србија до ден денес се следат низа обичаи, а еден од тие обичаи е пукање во јаболко со пушка. Меѓутоа, сватовите од еден српски регион решиле обичајот да го подигнат на едно сосема ново ниво, па наместо пушка, употребиле зоља, пренесува „Nova.rs“.

Неодамна на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат насобраните сватови во дворот, а потоа и еден маж кој центрира со зоља во обид да го погоди јаболкото!

Имено, зоља е рачен противоклопен ракетен фрлач од калибар 64 мм, наменет за еднократна употреба. Се произведуваше во поранешна Југославија и се уште се произведува во Република Србија и кај нас. Секако, тоа е опасно оружје кое никако не би требало да е составен дел од свадбени веселби.

Свадбениот обичај со кој се забавуваат сватовите, односно таткото на невестата. Младоженецот или кумот носи пушка и пука во јаболко закачено на дрво пред куќата на невестата пред да ја земе невестата. Традицијата налага дека до невестата не може да се дојде додека не се отстрани јаболкото од дрвото.

Тоа се прави, со цел младоженецот да ги докаже своите способности со пукање со пушка, за да покаже дека е способен да ја чува и заштити својата сопруга и идното семејство. Ако не успее да го „симне“ јаболкото од дрвото, пука додека јаболкото не падне на земја – додека не успее, не може да ја земе невестата.

Но, овој обичај може да биде опасен по живот.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....