22:04 - 9 ноември, 2026

ВИДЕО: КУМА ЛИСКА ВО КОМШИИ НА ГОСТИ

Последнава деценија интензивно се градат индивидуални стамбени објекти во Горно и Долно Соње. Пределот, за оние кои не го посетиле, е еден од најубавите во близина на скопската околина. Позади Водно, со поглед на кртот и бесконечно пространство од ридови, ниви и зеленило.

И во таква природа, природно е да има и по некоја лисица. Барем една таква дојде на гости кај комшијата. Младата лисица, првиот пат се однесувала претпазливо и внимателно се доближувала кон прагот од куќата, за од тогаш до ден денес, да биде редовен гостин на Кристијан. Особено кога тој јаде, како и секое животно веројатно, си доаѓа до него (најблизу покрај неговите нозе), седнува и чека да ја нахрани. Не е прибирлива, јаде мартадела, а вчера го дојаде гулашот што му остана од ручек. Кристијан радо би ја погалил, но сè уште не е сигурен дека нема беснило, бидејќи, како што вели, таквото питомо однесување на лисицата можно е да се должи и на некоја мака која таа ја има. До следното диво животно, ќе се дружиме со Лиска, а до тогош добро ќе му дојде и некој предлог име за новиот миленик.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....