14.8 C
Скопје
18:32 - 3 мај, 2024

СЕ ОБИДОВ ДА СЕ САМОУБИЈАМ ЗА ДА СЕ СПАСАМ ОД НЕГО: Олга со нови обвинувања против славниот тенисер

Нови вознемирувачки обвинувања против германската тениска ѕвезда Александар Зверев упати неговата поранешна партнерка Олга Шарипова.

инстаграм

На почетокот на годинава, спортскиот свет беше потресен кога Русинката Олга Шарипова во интервју рече дека се обидела да се самоубие не можејќи веќе да ги издржи навредите од нејиниот партнер, германскиот тенисер со руско потекло, Александар Саша Зверев (добитник на златен медал на ОИ во Толио).

Парот се раздели во 2019 година, но обвинувањата за насилство кои Олга ги упатува кон Зверев продолжуваат. 

Инстаграм

Таа за прв пат ги откри обвинувањата за семејно насиство во објава на Инстаграм минатиот ноември, кога тврдеше дека Зверев се обидел да ја задави со перница, и дека ја удрил со глава во ѕидот од бањата. Зверев пак, жестоко ги негираше тврдењата.

Олга сега излезе во јавноста со нови обвинувања за, како што вели, најнасилното однесување на Зверев кое се случило неколку часа пред да се разделат. Шарипова (24) овие обвинувањата ги откри во шокантно интервју со тенискиот новинар Бен Ротенберг.

„Навистина се плашев за мојот живот“, вели Шарипова во интервјуто, објаснувајќи дека за време на нивната последна наводна расправија, кога излегувала од туш во нивната хотелска соба во Шангај, во октомври, 2019 година, била крвнички натепана од тенисерот. Со новото обвинување, Олга потсети и на моментите, пред две години, кога Зверев притиснал перница врз нејзиното лице, додека таа не можела воопшто да дише – а откако некако се спасила, истрчала од нивната хотелска соба во Њујорк и побегнала боса на улица, плашејќи се за нејзиниот живот.

Инстаграм

Новинарот, кој е еден од најпочитуваните новинари кои известиваат за тенис, на Твитер ја објасни комплицираната историја на ова интервју кое беше објавено на „Слејт“.

Шарипова продолжи да излегува и да патува со Зверев – пишува новинарот Ротенберг – придружувајќи го во септември на тенискиот куп во Женева. Таму, за првпат тој ја удрил со тупаница по лицето. Вознемирена и чувствувајќи се беспомошна, Шарипова, која не е дијабетичар, си вбризгала инсулин и се затворила во бањата во нивната хотелска соба. Предозирањето со инсулин може да доведе до хипогликемична кома или уште полошо. „Ми рече: „Не се плашев, само сакав некако да заминам, бидејќи не можев повеќе да издржам““, вели новинарот и додава дека Шарипова едвај била спасена по немилиот настан и обидот за самоубиство.

Инаку, Шарипова, која денес живее во Москва, работи со психолог за надминување на своите психички проблеми предизвикани од насилната врска со тенисерот. Во интервјуто таа вели дека плачела секој ден и дека им пишувала секојдневно на пријателите за да им каже дека не сака повеќе да живее поради вербалните, физички и емоционални злоупотреби од славниот тенисер.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....