18:33 - 1 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЌЕ СЕ ЗГРОЗИТЕ: Еден момент од протестот во Загреб го шокираше целиот Балкан

Протестот во Загреб против воведувањето пропусници за ковид и нови мерки во саботата го одбележа бизарното видео кое било направено во моментот кога новинарот известувал за демонстрациите.

Над 10.000 луѓе протестираа во главниот град на Хрватска против потврдите за ковид и епидемиолошките мерки. Сепак, се остана во сенка на неверојатното видео кое веќе се прошири на социјалните мрежи и стана предмет на потсмев.

Имено, додека новинарката на Ал Џезира, Николина Завишиќ известувала од протестот во Загреб, камерата го фатила господинот зад неа во навистина непријатна ситуација.

Видеото заврши многу брзо на „ТикТок“, а почна да се споделува и на Твитер, каде не го поштедија господинот кој за разлика од антиваксерите во Белград кои се мачкаат со бебешка крема на ноздрите за да се „одбранат“ од коронавирусот, очигледно господинот на видеото прибегнаа кон многу подрастична метода.


„Сега е јасно зошто извикуваа Ивермектин“, „Тоа се тие неинвазивни методи на тестирање“, „Ова е најдоброто видео од протестот“, се само дел од коментарите на „Твитер“.

Насобраните извикуваа „Нема да потврдиме!“, „Борете се, борете се за својот народ!“, и свиреа на спомнувањето на Кризниот штаб, а дел од учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода не се бара, слобода се живее“ и „ Нема да ви ги дадеме децата!“, објавија претходно хрватските медиуми.

Исто како и во Белград, учесниците на протестот истакнуваат дека не препознаваат никаква потврда за ковид, а еден од нив тврдеше дека „лекот“ за коронавирусот е „ивермектинот“.

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....