22:18 - 9 ноември, 2026

(Видео) Канје Вест изненади младенци на свадба во Фиренца: Дојде непоканет

Раперот се појавил во црква каде невестата и младоженецот си разменувале свадбени завети и се фотографирал со нив.

Канје Вест изненади пар Американци кои направија свадба во Фиренца. Музичарот пак се врати во Италија по кратката посета на Ирска. Раперот влегол во црквата, се ракувал со младенците и се фотографирал со нив, пишува Дејли Мејл.

Вест и неговата „сопруга“ Бјанка Цензори предизвикаа бурни реакции во Италија по серијата контроверзни јавни излегувања во последните недели, вклучувајќи го и голиот задник на Канје додека се возеа во такси-чамец во Венеција.

Но, овој пат, неговите јавни лудории изгледа дека не предизвикаа гнев, туку смеја, бидејќи раперот се однесувал пристојно и срдечно им честитал на младенците за нивната венчавка.

Сепак, некои фанови се сомневаат дали воопшто станува збор за самиот Вест, бидејќи и овојпат добро маскиран со препознатливиот дуксер со качулка и марама околу главата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....