31.8 C
Скопје
20:45 - 20 август, 2026

(ВИДЕО) ИНСПИРАЦИЈА: Момчето од Нигерија кое танцуваше балет во кал, стана дел од престижна њујоршка школа за балет

Видеото кое минатото лето беше објавено на „Инстаграм“ стана вирален хит и оттогаш има повеќе од 310.000 прегледи. Ентони Месома Маду, 12-годишник од Нигерија, доби неверојатен животен пресврт благодарение на неговата голема љубов кон танцот. Талентираното момче во видеото во кое ги покажа своите балетски вештини танцувајќи бос на дожд, допре до срцата на многумина ширум светот, кои беа воодушевени од неговиот талент и упорност.

Неверојатно видео! Момче од Нигерија танцуваше балет во кал, веднаш го повикаа од престижната њујоршка балетска школа

Така, тој бил забележан од Синтија Харви, уметнички директор на „ABT Jacqueline Kennedy Onassis Dance School“ во Њујорк, која била импресионирана од вештините на младиот танчер.

Еден пријател кој живее во Велика Британија ми испрати видео и веќе следниот ден се обидов да стигнам до него“, изјави Синтија за „Cincinnati Enquirer“. Ентони и неговиот ментор Даниел Ајала добиле можност да учествуваат во програми и работилници на школата за танц.

Ентони присуствувал на виртуелната летна работилница за млади танчери со целосна стипендија, додека неговиот ментор бил вклучен во Националната тренинг програма, двонеделен курс во кој помагал учесниците да ги усовршат своите вештини. Харви за Ентони додала: „Во тоа видео видов момче кое беше совршен пример за истрајност која ја има некој кога е предводен од љубов, соништа и одлучност, што беше очигледно“.

Ентони со ентузијазам изјави за остварувањето на својот сон: „Кога ќе ме видат моите пријатели, мислат што правам и каков странски танц танцувам. Добив одлична можност да патувам во САД – тоа го чекав и балетот го направи тоа за мене“.

Неговиот дом секојдневно се претвора во студио за танц, а кога немаат доволно простор, танцуваат надвор. Така настанало и видеото на Ентони.

„Некои велат дека балетот во Африка едноставно не може да се танцува како во другите делови на светот, бидејќи тоа не е африкански танц, но за мене тоа е прашање на создавање посебна, наша уметничка форма“, изјави Ајала неодамна за Vogue.

 

И Ајала и Харви се согласуваат дека упорноста и желбата на учениците е голем дел од успехот на оваа танцова школа и дека најважно е да се инспирираме бидејќи можеме многу да научиме еден од друг.

„Да им се даде шанса на Даниел и Ентони да имаат вакво искуство е доказ за тоа“, рече Харви.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....