18:41 - 28 ноември, 2026

(Видео) Енрике Иглесијас страсно се бакнува со обожавателка и предизвика гнев кај фановите

Енрике Иглесијас на својот Инстаграм профил објави видео на кое се бакнува со обожавателка која присуствувала на неговиот концерт во Лас Вегас.

Видеото доловува како пејачот прво ја бакнува обожавателката во образ, додека таа прави заедничко селфи, но потоа се случува непредвидлив пресврт – одеднаш двајцата почнуваат да се бакнуваат во уста пред изненадените извици на насобраната толпа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

Случката наиде на лавина критики од неговите фанови кои меѓу другото изразија и збунетост поради фактот што пејачот не само што премногу си дозволил, туку и го објавил видеото од „страсниот“ настан.

Некои го потсетија Иглесијас дека е веќе во врска и дека подобро би било почесто да објавува фотографии на Инстаграм со неговата сегашна партнерка, руската тенисерка Ана Курникова.

„Да сум на местото на неговата девојка, би ја повлекла оваа жена за коса“, „Ова е крајно непочитување, бидејќи тој е оженет човек. Да беше слободен, би рекол дека оваа девојка имала среќа“, „лош пример на татко за децата“…се само дел од коментарите на разочараните фанови.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....