11.8 C
Скопје
15:02 - 21 април, 2026

(Видео) Дрска провокација: Новата девојка на Пике „меша“ со задникот на песна од Шакира

Новата девојка на Пике провоцира? Се појави видео на кое таа полугола танцува на песна на Шакира, а фановите на пејачката не ја поштедија.

Се појави видео во кое новата девојка на Жерар Пике, Клара Чиа Марти, танцува на песна на неговата поранешна партнерка Шакира, која обожавателите на пејачката ја протолкуваа како провокација и ја „исплукаа“ во коментарите.

Шпанската студентка Клара Чиа Марти (23) деновиве е главна тема на светските шоубиз медиуми поради врската со фудбалерот Жерар Пике (35) .

Двојката ја потврди врската со страсни бакнежи на фестивалот „Summerfest Cerdanya“ во Каталонија, каде што беа снимени од папараците , а тоа наводно ја разбеснило поранешната партнерка на Пике, пејачката Шакира (45) .

Сега на социјалните мрежи се појави видео кое Клара го објави на својот (заклучен за јавност) профил на Инстаграм, а на кое танцува на песната на Шакира „Te Felicito“ во микро црно бикини.

Видеото беше објавено на фан-страницата на Клара, која во меѓувреме е избришана, но може да се види и на Дејли Мејл (видеото може да го погленете – ТУКА) , а не е познато дали новата девојка на Пике навистина танцувала на песната на неговата бивша или дали потоа била додадена на видеото.

Сепак, обожавателите на колумбиската пејачка тоа го протолкуваа како провокација и ја „плукаа“ Клара во коментарите.
„Ова е пример за провокација и непочитување“, „Како се осмелуваш да танцуваш на песна на Шакира“, „Колку е слатко што се обидуваш на секој можен начин да привлечеш внимание… Сигурно е многу тешко да се живее во сенката на Шакира“, се некои од коментарите подолу од сега веќе избришаното видео.

Да потсетиме, Шакира и Пике го објавија раскинувањето пред неполни три месеци , а заедно беа 12 години и имаат два сина, деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша. Она што се знае за новата девојка на фудбалерот е дека студира односи со јавноста и работи за фудбалската спортска и медиумска инвестициска група Космос. Тие, наводно, се запознале на деловни настани и се забавувале со месеци, но ја задржале врската во тајност што е можно подолго поради ситуацијата на Пике со Шакира.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо
Се вчитува....