06:43 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) БОНО ја пее Redemption Song од Боб Марли за украинските бегалци

Лидерот на U2 беше награден со Фулбрајт наградата во Вашингтон за неговата улога како активист и основач на хуманитарни организации. На сцената зборуваше и за војната во Украина и се присети на егзодусот на бегалците, на кои им го посвети делото од Боб Марли, изведено во а капела верзија.

Здружението Фулбрајт ја додели наградата на Боно, како „начин да се почитува неговата посветеност во барање правда и борбата за ставање крај на екстремната сиромаштија, справување со глобалните здравствени кризи и стимулирање на економскиот развој во најсиромашните делови на планетата“, стои во соопштението – „Здружението Фулбрајт верува дека Боно го отелотворува најдоброто лидерство во време на криза и немилосрдни глобални предизвици“.

Боб Марли ја напиша Redemption Song во 1979 година и песната беше објавена следната година на албумот Uprising. Во тоа време, пејачот веќе бил болен и темата на страдањето е во центарот на песната, покрај поттикот да се ослободиме од менталните синџири.

Верзијата на Марли е акустична, без придружба. Делото, е едно од најпознатите на сите времиња, кое потоа го интерпретираа бројни уметници. Меѓу најубавите верзии ја паметиме онаа на Џо Страмер и Џони Кеш.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....