07:52 - 9 ноември, 2026

Таткото на Филип Стевановски, музичарот кој загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, напиша монографија за својот син

Таткото на Филип Стевановски, музчарот кој загина во пожарот во дискотекката „Пулс“ на 16 март свирејќи со ДНК, направи нешто посебно за својот син.

Маријан Стевановски, кој е инаку професор, напиша монографија за Филип кој беше директор на Ценатрот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Своето музичко образование Стевановски како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и денес е магистер по џез студии

„ДЕНЕС излезе од печат МОНОГРАФИЈАТА што ја напишав за мојот прерано починат син ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ. Истата ќе биде промовирана на JAZZ FESTIVAL KUMANOVO 2025 година, кој ќе се оддржи во ЗАНАЕТЧИСКИ ДОМ КУМАНОВО на 14 и 15.10.2025 година.

Првата вечер на 14.10.2025 година ќе биде посветена на ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ, презентација на монографијата, документарен филм и изведување на авторски композиции од голем број изведувачи со кои ФИЛИП има соработувано во својата кариера.

Втората вечер на 15.10.2025 година е интернационална џез вечер на која ќе земат учество три џез музички состави и тоа: FISH IN OIL (Република Србија), 3D PROJECT (Република Македонија), OLIVER DUEV TRIO (Република Македонија).

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН А ФЕСТИВАЛОТ ИМА ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР ПОСВЕТЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ“, напиша Маријан Стевановски на Фејсбук.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....