17:03 - 9 ноември, 2026

Тамара Тодевска со скршено срце по загубата на Андреј од „ДНК“, сподели вреден спомен

Андреја Ѓорѓиески заедно со Владимир Блажев – Панчо беше дел од популарното музичко дуо „ДНК“. Заедничката кариера ја започнаа во 2001 година и чекот по чекор, станаа миленици на публиката и и ја наполнија салата „Борис Трајковски“ на славенички концерт до последно место.

Андреј од „ДНК“ е еден од трагично загинатите во пожарот што избувна во дикотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Познатиот музичар на 43 години трагично го загуби животот, а многу пријатели се збогуваа од него на социјалните мрежи.

Како што пренесоа неколку медиуми, Андреј подлегнал на повредите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот.

Познато е дека  Наум Петрески беше многу близок пријател со Андреј. За да му се оддолжи за годините дружба, Наум Петрески на Андреј му посвети песна. И тоа не било која туку „Ако умрам ил загинам“  од легендарниот Јонче Христовски.

Пејачката Тамара Тодевска сподели емотивен спомен на својот колега и пријател Андреј, а тоа е една среќна слика, каде што и двајцата се покрај базен. Зборовите во ваков случај не се потребни, па Тамара само кусо напиша: „Спомени“, и објави емотикон со скршено срце.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....