01:42 - 9 ноември, 2026

ТАЈНАТА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП: Беспрекорен изглед поради овој начин на исхрана

Меланија Трамп многу ретко зборуваше за себе и за својот начин на живот, но во неколку наврати откри како живее, што јаде и како одржува совршена линија.

Интересно е што поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, секогаш избира исто јадење за појадок, што значи дека може да се заклучи дека таа е многу дисциплинирана жена.

Секој ден започнува со иста храна

И покрај фактот дека сега е позафатена од кога било, оваа 47-годишна дама секогаш одвојува време за појадок, кој мора да биде здрав. Пред неколку години, Меланија за списанието „GQ“ откри дека својот ден обично го започнува со овесна каша, која е позната по високата содржина на влакна, и смути направено од неколку состојки полни со витамини.

Секој ден јаде одреден број на овошја

Се прашувате како убаваа Словенка ја одржува својата линија витка, а кожата блескава? Таа во својата исхрана воведува овошје богато со антиоксиданси. Во едно интервју, таа откри дека нејзината цел е дневно да јаде најмалку седум овошја.

Ништо не си забранува

Поради нејзиниот фантастичен физички изглед, многу луѓе мислат дека Меланија е една од оние кои воопшто не консумираат шеќер. Наптротив.

“Немам вообичаени слатки што секогаш ги јадам. Ако сакам да јадам слатки, би избрала овошје или малку чоколадо, бидејќи мислам дека и на моето тело му е потребно”, вели таа. Првата дама дури призна дека сака да јаде сладолед понекогаш, сè додека сладоледот „е избалансиран со здрава храна“

Таа не држи диета, здравата исхрана е дел од нејзиниот животен стил

За Меланија е важно да пие многу вода во текот на денот, за да остане хидрирана и никогаш да не консумира мрсна или висококалорична храна. Откако го роди својот син Барон и ја изгуби тежината добиена за време на бременоста, таа призна дека здравата исхрана и пилатес, два или три пати неделно, и помогнале да се врати во старата форма.

Умереноста е клуч

„Можеме понекогаш да се препуштиме на себе и да јадеме што сакаме, било да е чоколадо или хамбургер, сè додека нормално се храниме здраво“, рече еднаш Меланија, а експертите веруваат дека тоа може да биде тајната на нејзината витка линија. Тоа е повремено уживање во сопствените желби што му помага на човекот да не оди во неконтролирано прејадување штом силата на волјата малку ослабне.

Извор: Курир Рс

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....