10.8 C
Скопје
22:04 - 19 октомври, 2026

„Сонувам за идеално семејство“: Метју Пери умре сам, „сонувајќи да се ожени и да има деца“

Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит ТВ серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст. Актерот бил осамен и копнеел по сопруга и семејство, по низата неуспешни врски кои го направиле „тажен и депресивен“, изјавиле извори за Дејли Мејл.

Блиски извори велат дека Метју Пери сонувал да посвои деца благодарение на одличниот однос со неговиот очув Кит Морисон. Пери никогаш не се оженил и ја прекинал својата свршувачка со менаџерката за таленти Моли Хурвиц во 2021 година.

Моли Хурвиц, Инстаграм

Метју Пери се забавуваше и со неколку познати актерки, меѓу кои и Џулија Робертс и Лизи Каплан.

„Метју отсекогаш сонувал да има совршено семејство. Сакаше жена и барем неколку деца. И рече дека не би имал ништо против да се ожени со жена која веќе има деца”, вели извор близок на актерот. Никој во светот не му значел на Пери повеќе од неговиот очув Кит Морисон, водителот на Дејтлајн кој се оженил со неговата мајка во 1981 година, вели изворот.

Метју Пери во последно време „повторно барал љубов“.

„Серијата неуспешни врски го оставија да се чувствува тажен и депресивен, и се чинеше дека никогаш нема да ја најде љубовта за која сонуваше. Метју излегуваше со десетици жени. Но, на крајот, тој секогаш чувствуваше дека тие се заинтересирани само за неговите пари и неговата слава. И тој беше премногу дарежлив. Ги опсипуваше жените со подароци, а тие само го искористија. Мислам дека годините на борба со демоните, дрогата и алкохолот го нарушија него и неговото здравје, а на крајот повторно остана сам “, изјави изворот за таблоидот Дејли меил.

Минатата зима Метју Пери тешко се разболел и поминал повеќе од еден месец во болница, поради што ослабнал и изгледал исцрпено. Според еден пријател – актер, Метју „се надевал дека нова работа или нова жена е веднаш зад аголот“.

„Се што Мет некогаш сакаше беше да биде среќен. Но, тој секогаш бараше љубов и среќа на погрешни места. Колку е тажно што кога умре, се зборуваше дека е сам”, рекол извор за таблоидот.

Метју Пери, кој ги објави своите мемоари минатата година, постојано зборуваше отворено за неговата борба со зависноста од алкохол и дрога. Актерот успеа да ја „измами смртта“ повеќе од еднаш. Така, во 2018 година, тој едвај преживеа по руптура на дебелото црево. Две недели лежеше во кома, а во болница остана пет месеци. Девет месеци морал да користи и кеса за колостомија. „Лекарите му кажаа на моето семејство дека имам два отсто шанси да преживеам“, рече Пери. Според актерот, тој потрошил повеќе од 9 милиони долари за да остане трезен. Меѓу другото, присуствувал на шест илјади состаноци на анонимни алкохоличари и 15 пати бил на рехабилитација.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....