06:33 - 29 ноември, 2026

Тања Савиќ заврши во болница: Им се извини на обожавателите со видео на Инстаграм

Српската пејачка Тања Савиќ објави видео во кое на своите следбеници и публиката им објасни дека поради здравствената состојба ќе мора да го откаже закажаниот настап во Словенија.

„Драги мои, имам важна најава за вас. можете да слушнете каков ми е гласот, затоа морам да го откажам настапот во Словенија. со нетрпение го чекав тој настап, знам дека и вие се радувавте, но не можам да пеам вака, не можам да пеам, Имам треска, за еден час одам на лекар на преглед, не знам што ќе ми кажат“, рече Тања, најавувајќи повторна средба со нејзината публика во првата можност по нејзиното закрепнување.

Савиќ во објавата на Инстаграм / Фото: Скриншот/Јутјуб

 

Во моментов, Тања Савиќ ужива во љубовта со 11 години помладиот дечко, пилотот Мухамед Муки Бешиќ, а во една прилика откри како се запознале. Како гостинка во една емисија, Савиќ проговори за врската со него, но и за неговата семејна трагедија.

Фото: Инстаграм/Тања Савиќ

Се шпекулираше дека мајката на Савиќ не ја поддржува врската на нејзината ќерка, а се шпекулираше дека и таткото на Бешиќ не бил среќен поради неговиот избор.

Сепак, Тања истакна дека тоа не е точно и дека Муки, за жал, доживеал голема трагедија како дете , кога го изгубил својот татко кога имал само дванаесет години.

„Се пишуваше дека таткото на мојот партнер не ја одобрува нашата врска. нО, неговиот татко починал кога имал дванаесет години. Тоа му ја донесе таа борбеност и сè што е денес“, изјавила пејачката.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....