06:30 - 11 ноември, 2026

(Видео) Теа Таировиќ повторно мета на негативни коментари: Им се развикала на членовите од бендот

Пејачката Теа Таировиќ, покрај популарните песни, на јавноста ѝ е позната и по своето арогантно и непристојно однесување.

Покрај тоа што пејачката со денови ја предизвикуваат на мрежите затоа што на своите настапи сѐ уште ја пее својата песна „Израел и Палестина“, иако денеска е веќе 22-риот ден од крвавата војна во која илјадници луѓе ги загубија своите животи, таа привлече дополнителен гнев.

Имено, за време на еден свој настап Теа ја испеа песната „Дишем за тебе“, а очигледно не ѝ се допаднало како бендот ја придружувал.

Пред полниот клуб, таа преку микрофон ги понижи момците од бендот велејќи:
– Вие ме следите мене, јас не ве следам вас, туку вие мене ме следите – дрско им се обратила таа, а потоа повторно почнала да ја пее песната.

Овој потег го осудија луѓето на социјалната мрежа ТикТок оставајќи негативни коментари:

„Искомплексирана будала“,

„Многу ја сакам, ама ова не е ОК“,

„Јас би си станал па сама нека си свири“,

„Сѐ уште не можам да разберам како и зошто е толку популарна“

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....