3.8 C
Скопје
07:14 - 20 октомври, 2026

Славчо Попоски прогнозира кога ќе падне првиот снег во градовите и кога ќе имаме вистинска ЗИМА!

– Според последните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината. Токму ова е поради МНОГУ АКТИВНАТА Атмосфера над Атлантскиот океан. Таму се содаваат МОЌНИ Циклонски системи каде воздушниот притисок во центарот на истите опаѓа дури и под 965 htp. Сево ова ја турка топлинатаод Африка кон Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и кон Македонија. Се додека Атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас зима и поголемо заладување нема! Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе биде честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија.
Инаку денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре во Македонија следува брза промена на временската состојба, проследена со засилен ветер од северен и од североисточен правец (локално до околу 60 км/час) и тоа најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините над 1600 м.н.в ќе има повремени врнежи од СНЕГ.
Температурите утре ќе опаднат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Наутро пак, температурите и тоа особено од недела понекаде, и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата. Од недела исто така следува нов период на стабилно и суво време, но повторно по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....