17.8 C
Скопје
15:30 - 18 октомври, 2026

Славчо Попоски предупредува на многу топла воздушна маса од Африка

– Во текот на оваа седмица, и тоа под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места, и тоа особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Позначителен пораст на температурите ќе има веднаш по 15 јули, односно од следниот викенд кога ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка и температурите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно и суво време, со многу повеќе сонце. Сепак и во следните денови ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени, додека значително потопло ќе биде од следниот викенд, поточно веднаш по 15 јули кога температурата и во Скопскиот регион ќе надминува 35 степени – вели метео прогнзерот Славчо Попоски и напоменува:

Со надоаѓањето на МНОГУ ТОПЛИОТ бран од Африка и Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНИ ВРЕДНОСТИ.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....