15:17 - 28 ноември, 2026

Славчо Попоски: нè „удира“ МНОГУ ЖЕЖОК бран, 40 степени!

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец. Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

И во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, како и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Темпертурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 37 степени. УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Слични објави

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо
Се вчитува....