17.8 C
Скопје
13:50 - 20 април, 2024

Куче што ќе ви донесе среќа во домот, а богатство во касата: Ова е приказната за Лагото, една од најстарите раси во светот, а ја има и кај нас

Ако сте љубител на природата и често шетате низ планини, а сакате да имате милениче, тогаш оваа раса не само што ќе ви донесе многу среќа и љубов во домот, туку можеби ќе ви донесе и вистинско богатство без разлика дали живеете во стан или во куќа.
фото – приватна архива
Лагото Ромањоло е куче што сака да поминува време со деца, а одлично се согласува и со други кучиња и други домашни миленици доколку се соодветно социјализирани.
Станува збор за една од најстарите раси во светот, за малку се спасило од исчезнување, а го има и кај нас. Според некои историски податоци се смета дека е најстариот можен предок на сите водени кучиња. Лаготото е мал до среден, мускулест ловец на водни птици и трагач по тартуфи со кадраво крзно, кое за разлика од повеќето раси кучиња расте како коса. Има триаголни уши со заоблени врвови, а големите заоблени очи кои пленат на прв поглед се темно жолти или кафени во зависност од бојата на крзното кое речиси и не паѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bubble (@bubbletruffle_puppies)

Многумина сметаат дека расата не предизвикува алергии. Боите на крзното може да вклучуваат повеќе од една боја, кафена, бела, портокалова, а може да бидат и шарени.
Се смета дека неговото потекло датира уште од етрурско време (VII век п.н.е.). Во североисточна Италија тогаш постоела мала раса на птичари ретривери како посебен вид на куче во пределите покрај огромните мочуришта во областа Ромања. Од таму потекнува и името на оваа раса. Луѓето со векови го користеле за лов на водни птици, но кога започнало големото пресушување на мочуриштето кон крајот на деветнаесеттиот век и огромните јата птици исчезнале, функцијата на Лаготото почнала да се менува.
Заради агилноста на Лагото да лови на недостапни места, неговата феноменална способност за мирис и неговата послушност, жителите на Ромања тогаш почнале да го користат за потрага по најскапата печурка на светот, неговото величество тартуфот.
Но, заради бројните вкрстувања на оваа древна раса со други, до раните 1970-ти, се проценуваше дека во Ромања останале едвај десетина вистински претставници на расата Лагото ромањоло. За среќа, пред целосното исчезнување на расата, група експерти составена од одгледувачи, ветеринари и љубители на кучиња од Ромања одлучија да ја спасат својата единствена автохтона раса од истребување. Денес Лаготото е единственото чистокрвно куче кое во светот е признаено како специјализиран трагач на тартуфи. Сепак, ги задржало сите карактеристики на воден ретривер. Лаготото е совршен пливач, бидејќи е исклучително издржливо мало куче кое може да работи долги часови потопено во ладна вода.
фото – приватна архива
Порај овие карактеристики Лаготото, заради својата исполнителност и послушност, се користи и како куче придружник на деца и лица со посебни потреби, а и за откривање на разни болести. Многу полициски и царински служби го користат и за детектрање на недозволени материи.
Според тренерите, кучињата Лагото Ромањоло имаат оценка од 5 и во скалата на раси кои се сметаат за најдобри кучиња чувари.
Овие мили семејни миленичиња и имаат тенденција да бараат внимание и сакаат да играат игри што со кои ќе ги ангажираат нивните многу активни и паметни умови, а овие активности ги прават и лесни за тренирање. Сепак, бидејќи се работни кучиња, тие покрај желбата да душкаат уживаат во копањето. Затоа ако имате дворче со цветни леи препорачливо е да ги оградите. Заради сите овие карактеристики цената на оваа раса куче во светот достигнува и над 2000 евра, но кај нас иако има само неколку легла може да се најде за многу помалку пари.
* за повеќе информации (или за да си купите вакво кученце) може да се јавите на 070 935 794

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....