17.8 C
Скопје
17:52 - 18 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува поинтензивни врнежи, еве кога

– Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено утре и тоа во јужните и во југоисточните предели каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. На местата со надморска височина од 1200 метри па нагоре ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека на повисоките планини истата ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено утре.
Во Скопје исто така се очекуваат нови повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачното и врнежливо време, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.
Потоа во петок и во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во недела повторно ќе има повремени врнежи од дожд и тоа од локален карактер.
Снег ќе врне само на високите планини а ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој ќе услови малку повисоки температури на воздухот, односно температурите во недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.
НАПОМЕНА: Денес и утре поради ниските температури, снежната граница понекаде можно е да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и од снег или од мокар снег ќе има и во повисоките населени места – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....