17.8 C
Скопје
19:00 - 18 октомври, 2026

Се чувствувам полесно, моето семејство е безбедно – Кели Робинсон по гласањето за истополови бракови во Сенатот

На нашата заедница навистина и треба победа, поминавме многу. Како омажена геј личност, во моментов се чувствувам полесно. Знам дека моето семејство е безбедно, рече Кели Робинсон, новата претседателка на Кампањата за човекови права, која се залага за ЛГБТ прашања откако американските сенатори гласаа за заштита на правото на истополови и меѓурасни бракови.

За усвојување на законот гласаа и 12 републиканци.

Иако оваа регулатива летово беше изгласана во Претставничкиот дом, за неа ќе треба повторно да се гласа поради амандманите поднесени од републиканците, со кои се штитат и верските слободи, пренесува Voice of America.

Истополовите бракови во САД беа легализирани со одлука на Врховниот суд во 2015 година.

Но, откако Врховниот суд ја укина федералната заштита за правата на абортусот во јуни, а еден од конзервативните судии, Кларенс Томас, предложи да се преиспитаат другите одлуки засновани на правото на приватност, демократското мнозинство во Конгресот најави закон што ќе ги заштити истополови бракови, дури и во случај Врховниот суд да го одземе тоа право.

Меѓурасните бракови беа нелегални во САД до 1967 година, кога беа одобрени и од Врховниот суд.

Овој закон не ги обврзува сите држави да дозволуваат истополови и меѓурасни бракови, туку ги обврзува да ги признаат доколку се склучат во држави каде што се легални. Исто така, со овој закон се укинува регулативата од 1996 година, со која бракот се дефинира како заедница на маж и жена.

„Овој предлог-закон ги обединува Американците“, рече демократската сенаторка Тами Болдвин, која е првата отворено геј личност избрана во Сенатот на САД.

Републиканскиот сенатор Мајк Ли за време на дебатата рече дека овој закон е непотребен.

„Државите не го негираат признавањето на истополовите бракови. И не постои сериозен ризик некој да го загуби признанието“, рече тој.

Во анкетата на Галуп во мај 2022 година, 71 процент од Американците изјавиле дека ги поддржуваат истополовите бракови. Само 27 отсто ги поддржаа кога анкетата за прв пат беше спроведена во 1996 година.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....