13:02 - 13 јули, 2026

Се стега обрачот околу Виктор Орбан – Брисел има предлог да се замрзнат над 13 милијарди евра

Европската комисија, под притисок на Европскиот парламент, им предложи на земјите-членки да суспендираат 7,5 милијарди евра од кохезионите фондови кои треба да и бидат исплатени на Унгарија од буџетот на ЕУ за 2021-2027 година.

Европската комисија препорача замрзнување и на 5,8 милијарди евра од планот за реконструкција наменети за таа земја додека таа не почне правилно да ги спроведува реформите во областа на правосудството и борбата против корупцијата. Крајниот рок во кој земјите-членки на ЕУ треба да го кажат своето мислење за предлогот со квалификувано мнозинство е 19 декември.

Европската комисија оцени дека сегашните мерки на унгарската влада не се доволни во оние области за кои е загрижена Комисијата.

Унгарија воведе 17 мерки за да одговори на приговорите на Брисел, вклучувајќи го и воведувањето независно тело кое треба подобро да го контролира користењето на фондовите на ЕУ.

Но, Комисијата оценува дека реформите не се спроведени на задоволително ниво до 19 ноември кога истече рокот. Комисијата го одреди тој рок во септември за да и даде шанса на Унгарија да избегне замрзнување на 7,5 милијарди евра (околу 20 отсто од средствата на ЕУ што треба да ги добие од 2021 до 2027 година).

„Нема да има исплата на средства додека не се исполнат соодветно основните услови“, изјави за новинарите потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Европската комисија, која досега се чинеше дека има помирувачки пристап кон Унгарија, нагласувајќи го нејзиниот напредок, се чини дека конечно го зацврсти својот став.

Комисијата на крајот одлучи да застане цврсто против националистичкиот премиер Виктор Орбан, обвинет дека го „уценувал“ од Будимпешта, блокирајќи го заедничкиот план за помош од 18 милијарди евра за Украина и воведувањето минимален данок на добивката на мултинационалните компании.

Унгарија негира дека има некаква поврзаност меѓу овие блокади и прашањето за европските фондови.

Слични објави

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Стадо овци, шарпланинци, грациозни коњи – Спасен Силајноски на прошетка низ убавата Македонија

Еспресо

Хороскоп за 13 јули: Овните ќе бидат љубоморни, Раковите ќе се истакнат на работното место

Еспресо
Се вчитува....